Бајден формира тим од 12 луѓе за борба против корона вирусот

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден како свој прв приоритет го одреди формирањето на 12-члена комисија, која ќе има само една задача – да најде начин Америка да се избори со пандемијата на корона вирусот.

Тимот на Бајден за борба против корона вирусот ќе го водат тројца копретседатели – Вивек Марти, Дејвид Кеслер и Марсела Нуњез-Смит – кои имаат завидна биографија од областа на вирологијата.

– Нема да се штедам за да ја свртам целата ситуација со корона вирусот, рече Бајден.

Демократскиот кандидат за време на кампањата во неколку наврати го критикуваше Доналд Трамп поради начинот на кој се справува со корона вирусот, од кој досега починаа повеќе од 237.000 луѓе во САД.

Минатата недела, САД регистрираа рекорден број на случаи за седум дена, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 10 милиони.