Србија пријави 121 новозаболен, еден почина


  Во последните 24 часа во соседна Србија повторно повисок број новозаразени, односно 121, додека еден пациент почина. Тестирани биле 6.700 на корона вирус. Бројот на заразени со новиот вирус во Србија расте во последната недела, а вчера имаше 120 новозаболени, што беше најмногу од 27 август кога беа забележани 125 нови случаи. Денеска, Кризниот …

Србија пријави 121 новозаболен, еден почина Read More »

Словенија со рекордни 356 новозаразени од корона вирус


  Во СЛовенија во изминатите 24 часа забележан е нов дневен рекорд на новозаразени со корона вирус, кој изнесува 356, покажуваат последните податоци. Вкупниорт број заразени сега изнесува 7.120, а во болница се рекорден број пацинети со Ковид-19, односно 122, пренесе СТА. Вчера и денеска беа тестирани рекордни 3.998 луѓе. Бројот на починати е 159. …

Словенија со рекордни 356 новозаразени од корона вирус Read More »

Порасна бројот на новозаразени во Босна и Херцеговина


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 364 новозаразени лица, а починале пет пациенти. Од нив во Федерацијата се 222 позитивни и сите пет починати. Тестирани биле 1.423 примероци. Досега излечени се 15.661 пациенти, а во последните 24 часа 266 пациенти. Активни се 2.679 случаи, а вкупно досега починаа 569. Во Република …

Порасна бројот на новозаразени во Босна и Херцеговина Read More »

Нобеловата награда за хемија за Французинката Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна


Генетичарките, Французинката Емануел Шарпентие (51 година) и Американката Џенифер Дудна (56 години), на кои оваа година ќе им биде доделена Нобеловата награда за хемија, развија „молекуларни ножици“ способни да ја модифицираат ДНК. Нивната соработка овозможи развој на технологијата „Crispr-Cas9“, честопати претставена како прецизни „генетски ножици“, што овозможува да се уреди ДНК во самата клетка. Французинката …

Нобеловата награда за хемија за Французинката Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна Read More »

(Во живо) Прес на вицепремиерот Љупчо Николовски и претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска


Прес-конференција денеска ќе одржат заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и директорите на Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Државен санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД, Агенција за храна и ветеринарство и Државен …

(Во живо) Прес на вицепремиерот Љупчо Николовски и претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска Read More »

Министерката Стефоска во самоизолација


Министерката за култура, Ирена Стефоска, е во самоизолација откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19. Таа вели дека ќе ги извршува работните обврски од дома. „Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чијшто термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме …

Министерката Стефоска во самоизолација Read More »

Во Министерството за политички систем работат 44, а плата земаат 1.410 лица


Македонија е најверојатно единствената земја во светот каде што во Владата постои Министерство во кое се ангажирани само 3 отсто од вкупниот број вработени. Такво е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците коешто троши огромни суми пари на граѓаните за плати на луѓе коишто не одат на работа, пишува ПИНА. Година и пол …

Во Министерството за политички систем работат 44, а плата земаат 1.410 лица Read More »

ВМРО-ДПМНЕ предлага четири место еден викенд без ДДВ


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман на владиниот предлог за викенд без ДДВ во кој наместо еден, ќе се дополнат уште четири викенди – по еден во  ноември и декември 2020 година, и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година. – Така ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици …

ВМРО-ДПМНЕ предлага четири место еден викенд без ДДВ Read More »

Бојкот на наставата на дел од струшките средношколци и основци


Дел од струшките средношколци и основци од неколку села ја бојкотираат онлајн наставата со барање за физичко присуство. Се додека не бидат исполнети нивните барања за физичко присуство на часовите, најавуваат дека нема да следат настава. Од почетокот на учебната година, настава не следат учениците од албанските паралелки во средното училиште „Нико Нестор“ и гимназијата …

Бојкот на наставата на дел од струшките средношколци и основци Read More »

Уште пет наставници се заразени со Ковид-19, но држеле онлајн настава


Откако беше потврдено дека една наставничка од основното училиште „Гоце Делчев“ во скопски Центар е заболена од Ковид-19, а учениците од нејзиното одделение се во изолација, министерката за образование и наука Мила Царовска, рече дека тоа е единствен случај. – На ниво на држава ова е единствениот случај каде имаме ученици во изолација – рече …

Уште пет наставници се заразени со Ковид-19, но држеле онлајн настава Read More »

Пациент со Ковид-19 избега од болница, полицијата го врати назад


Пациент болен од Kовид-19 синоќа побегнал од ковид-центарот во ГОБ „8 септември“ во Скопје. Директорот на болницата д-р Христијан Костов го потврди инцидентот. Се работи за бездомно лице од Куманово кое откако било потврдено дека е позитивно на вирусот, избегало од болницата. Од таму веднаш го пријавиле случајот во полиција и пациентот бил вратен во …

Пациент со Ковид-19 избега од болница, полицијата го врати назад Read More »

Наставничка позитивна на Ковид-19 стави во изолација 15 првачиња во ОУ„ Гоце Делчев“ во Центар


Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар од синоќа се во 14-дневна изолација откако една наставничка е позитивна на корона вирус, пишува „360 степени“. „За една наставничка е потврдено дека е позитивна на Ковид-19. Вчера добивме резултати и веднаш им се јавивме на родителите. Таа ќе држи онлајн-настава, а децата се во …

Наставничка позитивна на Ковид-19 стави во изолација 15 првачиња во ОУ„ Гоце Делчев“ во Центар Read More »

Дуковски: Здравствената состојба на Бојан Јовановски не се подобрува


Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува. – Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. …

Дуковски: Здравствената состојба на Бојан Јовановски не се подобрува Read More »

И Полска бележи рекорди со корона вирусот: 3.003 новозаразени, 75 починати


  Полска денеска објави дека е забележан нов рекорд од дури 3.003 нови случаи со корона вирус, како и дека ова е најцрниот ден од избивање на епидемијата. Починаа дури 75 луѓе. Епидемиолошката ситуација драстично се влошува во Полска, а Владата размислува за нови рестриктивни мерки за да се избегне потполно затворање на државата, пренесе …

И Полска бележи рекорди со корона вирусот: 3.003 новозаразени, 75 починати Read More »

,,Меѓународен сојуз” се одложи по трет пат, Боки 13 на болничко лекување


Судењето за предметот „Меѓународен сојуз”  денеска се одложи по трет пат. Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој во моментот е на болничко лекување е причина за одложување на рочиштето. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова посочи дека добиле известување од КПУ-Скопје за обвинетиот Јовановски дека е на болничко лекување. На почеток на месец септември обвинетиот Јовановски, …

,,Меѓународен сојуз” се одложи по трет пат, Боки 13 на болничко лекување Read More »

Озонската дупка над Антарктикот најголема во последните 15 години


Озонската дупка над Антарктикот е една од најголемите и најдлабоките во последните години, а анализите покажаа дека постигнала максимална големина, предупредија научниците од Службата за надзор на атмосферата Коперникус (Copernicus Atmosphere Monitoring Service). Озонската обвивка во горниот дел од Земјината атмосфера го апсорбира ултравиолетовото зрачење на од Сонцето кое во спротивно би било штетно за …

Озонската дупка над Антарктикот најголема во последните 15 години Read More »

МЗ: Повеќе од 100 пациенти се третирани со конвалесцентна плазма


Институтот за трансфузиона медицина информира дека се обезбедени вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив, 68 единици се обезбедени преку аферезна процедура од вкупно 30 дарители, а 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување. Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи …

МЗ: Повеќе од 100 пациенти се третирани со конвалесцентна плазма Read More »

Хрватска со сѐ повисоки бројки на новозаразени, денеска 363


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 363 нови случаи со Ковид-19, а активниот број случаи изнесува 1.830. Меѓу нив 344 се лекуваат во болница, а 26 се на респиратор. Во истиот период починаа пет пациенти. Од почетокот на епидемијата во Хрватса вкупно заболеа 18.447 лица, од кои 309 починаа. Вкупно оздравеа 16.308 од …

Хрватска со сѐ повисоки бројки на новозаразени, денеска 363 Read More »

Навални: Герхард Шредер е потрчко на Путин


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални остро го нападна некогашниот германски канцелар Герхард Шредер, тврдејќи дека е платен од рускиот претседател Владимир Путин. – Шредер е платен од Путин. Но сега кога се обидува да го негира труењето со нервен агенс врз мене, тогаш тоа е многу разочарувачко, истакна Навални за германскиот весник „Билд“. Шредер неодамна …

Навални: Герхард Шредер е потрчко на Путин Read More »