(Видео) Пожар во московската ковид болница „Комунарка“


 Руските телевизии денеска прикажаа снимки како се крева чад над московската болница „Комунарка“, што е еден од главните центри за лекување на пациенти со коронавирус. Телевизискиот канал НТВ сооошти дека пожарот избувнал во дел од медицинскиот комплекс. Пред пожарот се слушнал и силен тресок, додава телевизијата НТВ. Дел од руските медиуми цитираат извор од болницата …

(Видео) Пожар во московската ковид болница „Комунарка“ Read More »

Во Албанија првпат над 700 заразени во еден ден


Растечкиот тренд на заразени во Албанија продолжува, што потврдува бројката од 711 новозразени во последното деноноќие. -Во изминатите 24 часа направени се 2.574 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 711 што е највисока бројка досега. Во исто време закрепнаа 412 додека починаа девет лица во болнички услови, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита. …

Во Албанија првпат над 700 заразени во еден ден Read More »

Во Европа намалување на бројот на новозаразени, првпат по три месеци


Првпат по три месеци, бројот на заболени од коронавирус започна да опаѓа, бидејќи има за 10 проценти помалку заразени од минатата недела, кога беа регистрирани 1,84 милиони новозаразени. По воведените рестриктивни мерки во многу европски земји, бројот на пациенти почна да опаѓа, а Европа, која во вторникот ја надмина бројката од 15 милиони заразени, имаше …

Во Европа намалување на бројот на новозаразени, првпат по три месеци Read More »

Во Косово 11 починати, 720 заболени и 469 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа


Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 11 починати и 720 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани рекордни 469 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 860 од вкупно 31.215 лица …

Во Косово 11 починати, 720 заболени и 469 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа Read More »

Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата


Македонскиот јазик и идентитет не може да бидат пречка за интеграција во Унија чија културна и јазична различност е вредност што треба да се почитува согласно Лисабонскиот договор, ниту пак македонскиот јазик може да биде пречка за добрососедски односи базирани на взаемна почит, порачал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прва средба со …

Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата Read More »

Македонско еколошко друштво: Осоговските Планини конечно препознаени како национално богатство и соодветно заштитени


Одлуката на Владата Осоговските Планини да станат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) претставува круна на 14-годишната работа на Македонско еколошко друштво, со поддршка на низа партнери и донатори, домашни и странски експерти како и соработката со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, …

Македонско еколошко друштво: Осоговските Планини конечно препознаени како национално богатство и соодветно заштитени Read More »

Црн ден за Србија: Повеќе од 5.500 новозаразени, најмногу мртви во еден ден


  Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 5.613 новозаразени, а починаа 27 пациенти. Тестиранис е 18.040 луѓе. Во болниците има 5.317 пациенти, а на респиратори 182. Од првиот регистриран случај во Србија досега од Ковид-19 заболеле 97.988 луѓе, а починаа 1.081 лица. Вкупно се тестирани 1.555.000 лица. Од почетокот на неделата има драстичен …

Црн ден за Србија: Повеќе од 5.500 новозаразени, најмногу мртви во еден ден Read More »

ИЈЗ: За 35,4 отсто зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително …

ИЈЗ: За 35,4 отсто зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Во Босна и Херцеговина 1.633 новозаразени починаа 47 пациенти


  Денеска во Босна и Херцеговина регистрирани се 1.633 новозаразени, а починаа 47 пациенти. Оздравеа 1.226. Во Федерацијата тестирани се 3.496 примероци, од кои 1.172 позитивни. ДОсгеа тестиранис е вкупно 252.671 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 48.109 лица. До денеска оздравеле 28.393 пациенти, а во моментот активни се 18.457 случаи. Во федерацијата во 24 …

Во Босна и Херцеговина 1.633 новозаразени починаа 47 пациенти Read More »

До утре Клиничката болница – Штип треба да каже што е утврдено за случајот со пациентката од Берово


Утре истекува законскиот рок од три дена во кој директорот на Клиничката болница – Штип треба да постапи по налогот на Државниот здравствен и санитарен испекторат (ДЗСИ) за утврдување на случајот со пациентката од Берово. На директорот му било наложено да ја свика Комисијата за квалитет на работа и да го преиспита целокупното лекување, како …

До утре Клиничката болница – Штип треба да каже што е утврдено за случајот со пациентката од Берово Read More »

Во Хрватска 3.251 новозаразени, починаа 38 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 3.251 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи е 16.891. Меѓу нив 1.878 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 205 пациенти. Од последиците на Ковид-19 починаа 38 лица. Досега се регистрирани 90.715 лица, од кои 1.151 починаа, а оздравеа 72.673. …

Во Хрватска 3.251 новозаразени, починаа 38 пациенти Read More »

Неодговорно е да се размислува за оставка, Владата останува посветена на реформите, порача Арсовски


Би било неодговорно Владата да поднесе оставка, неодговорно кон мнозинството граѓани кои само пред неколку месеци ѝ дадоа поддршка токму на оваа Влада за да ја водат одговорни политичари, убедени дека ќе се реализира европската агенда, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на прашањето дали премиерот Зоран Заев  ќе поднесе оставка зашто нема почеток на преговори …

Неодговорно е да се размислува за оставка, Владата останува посветена на реформите, порача Арсовски Read More »

Се изработува карта на загадувачите, за почеток во градот Скопје, информира Петровска


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) изработува карта на загадувачите, за почеток во градот Скопје, каде ќе ги идентификува сите точки што се во нивна надлежност. Ова денеска го соопшти в.д. директорката на ДИЖС Ана Петровска, која посочи дека целта е понатаму кога ќе биде готова алатката за непосредно пријавување на загадување да можат граѓаните …

Се изработува карта на загадувачите, за почеток во градот Скопје, информира Петровска Read More »

Нови 10 општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво


Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги со 10 нови општини – Чучер Сандево и Бутел, Јегуновце, Теарце и Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица, од 24-те кои ги исполниле условите за добивање грант. Проектот предвидува развој на …

Нови 10 општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво Read More »

Минатата недела затворени четири кафетерии


Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени. Како …

Минатата недела затворени четири кафетерии Read More »

Повеќе средства за еколошки и образовни проекти во Општина Аеродром


Советот на Општина Аеродром го донесе ребалансот на буџетот за 2020 година, со кој се пренаменија повеќе средства за проекти за заштита на животната средина и за подобрување на условите за образование и воспитание на децата, соопшти Општината. – Заштитата на животната средина претставува врвен приоритет за нашата општина. За таа цел, со ребалансот на …

Повеќе средства за еколошки и образовни проекти во Општина Аеродром Read More »

Приватни специјализанти почнаа да работат на интерните клиники


Министерот за здравство Венко Филипче изутрината се срена со младите лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, за уво нос и грло и Кожната клиника, кои сакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид-центрите на овие клиники. Станува збор за триесетина млади лекари чија помош ќе биде добродојдена …

Приватни специјализанти почнаа да работат на интерните клиники Read More »

Шахпаска: Преку социјалните претпријатија до намалување на сиромаштијата


Социјалните претпријатија преку економските активности се исклучително важни за поддршка на  најранливите категории граѓани, кои немаат пристап до домување, образование, социјални услуги, кои се исклучени од пазарот на труд, без достоинствен живот и со соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Тие им овозможуваат  пристап до  работни места, интеграција и реинтеграција во заедницата, градење на самодоверба, …

Шахпаска: Преку социјалните претпријатија до намалување на сиромаштијата Read More »

Словенија повторно повеќе од 2.000 новозаразени, починаа 43 луѓе


  Бројот на нвоозаразени со корона вирус во Словенија денеска изнесува 2.013. Тестирани биле 6.813 лица и процентот на позитивни изнесува 29,5, пренесе СТА. Од Ковид-19 во последните 24 часа починале 43 лица. Во болница од Ковид-19 се лекуваат 1.280 пациенти, пет повеќе од вчера, а 209 се на интензивна нега, еден повеќе од вчера. …

Словенија повторно повеќе од 2.000 новозаразени, починаа 43 луѓе Read More »