Словенија повторно повеќе од 2.000 новозаразени, починаа 43 луѓе


 

Бројот на нвоозаразени со корона вирус во Словенија денеска изнесува 2.013.

Тестирани биле 6.813 лица и процентот на позитивни изнесува 29,5, пренесе СТА.

Од Ковид-19 во последните 24 часа починале 43 лица.

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 1.280 пациенти, пет повеќе од вчера, а 209 се на интензивна нега, еден повеќе од вчера.

Во Словенија по почетокот на епидемијата од корона вирус заразени се 58.950 луѓе, а бројот на починати порасна на 919.