Во Хрватска 3.251 новозаразени, починаа 38 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 3.251 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи е 16.891.

Меѓу нив 1.878 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 205 пациенти.

Од последиците на Ковид-19 починаа 38 лица.

Досега се регистрирани 90.715 лица, од кои 1.151 починаа, а оздравеа 72.673.

Вкупно се тестирани 640.781 од кои 9.126 во последните 24 часа.