Минатата недела затворени четири кафетерии

Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени.

Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во наредниот период.

Таа апелира до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат здравствените мерки и препораки со што, рече, ќе им помогнат и на здравствените работници, инспекторите, армијата, полиција и на сите што активно се вклучија во борбата против КОВИД.

-Влегуваме во веројато најтешкиот период од справувањето со корона пандемијата поради што е најважно, како што рече, сите да придонесат за намалување на ширењето на вирусот. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и пртооколите, и од страна на граѓаните и од стопанството, да ги почтуваат протоколите од страна на граѓаните и стопанството, инспексицките служби ќе продолажт со контролите, напомена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција  во Владата.

Филиповска-Грашкоска информира дека од 9 до 15 ноември Државниот здравствен и санитатерн испекторат извршил 80 надзори врз основа на кои изрекол 13.676 решенија за изолација на лица заболени од корона и на лица кои биле во контакт со заболени. Државниот здравствен и санитатерн испекторат изрекол и шест решенија од кои четири се за спроведување починато лице кое освен спроводница, мора да има и решение. Остантите две се за неправилно носење заштитна опрема, а уште едно, во рамки на вкупно седумте надзори, е издадено и за неисполнување на санитарно-хигиенски услови.

Пазарниот иснпекторат, пак, извршил вкупно 3.068 контроли и 619 надзори при што изрекол 31 прекршочна пријава. Инспекторатот издал и 62 решенија, како и 38 прекршочни платни налози за прекршување на повеќе закони, меѓу кои законите за финансиска дисциплина, за занаетчиство и за заштита од пушење.

-Од овие, две се за непочитување на Законот на населението од заразни болести. Еден угостителски објект во Гостивар работел по 21 часот, а друг, во Охрид, не го испочитувал ограничувањето за најмногу четири лица на маса. На двата објекта им е изречена забарана за вршење дејност и тие се веднаш затворени, на лице место. Изречени им се и соодветни платни налози, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа додаде и дека се затворени уште два други угостителски објекта зашто работеле, а не биле регистрирани.

Инспекторатот за транспорт извршил 80 надзори, а за непочитување закони изрекол десет прекршони пријави, 17 решенија и два прекршочни платни налога за непочитување на пртоколот за меѓународен превоз на патници на граничниот премин „Деве баир“. Државниот инспекторат за труд, пак, спрвел 550 надзори, со фокус на почитување на здравствените протоколи. Притоа, изрекол 24 решенија за неправилноста од областа на работните односи и издал осум платни налози поради неносење заштитна маска на работно место.

Агенцијата за лекови сповела 26 надозри во аптеките низ државата при што е издадена една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.

АХВ, пак, изврши 399 надзори и издаде 12 решенија и изврши 19 едуакции за неизврпени здравствени прегледи, непроведување општи хигиенски мерки, небезбеден производи и работа на нерегистриран објект.