Црн ден за Србија: Повеќе од 5.500 новозаразени, најмногу мртви во еден ден


 

Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 5.613 новозаразени, а починаа 27 пациенти.

Тестиранис е 18.040 луѓе.

Во болниците има 5.317 пациенти, а на респиратори 182.

Од првиот регистриран случај во Србија досега од Ковид-19 заболеле 97.988 луѓе, а починаа 1.081 лица.

Вкупно се тестирани 1.555.000 лица.

Од почетокот на неделата има драстичен скок на бројот на заразени, откако беа забележани повеќе од 4.000 случаи.

Зголемен е бројот и на починати пациенти од поскедиците на Ковид-19.

Лекарите се загрижени од зголемениот број прегледи во амбулантите, па затова во Крагуевац се отвора втора ковид амбуланта, а во Ниш трета.