Во Бугарија 80 жртви на корона вирусот за еден ден


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 4.390 нови случаи на коронавирус, а 80 лица починале. Во текот на изминатите 24 часа, направени се 11.068 тестови. Бројот на активни случаи во моментов е 55.716, од кои 4.176 се лекуваат во болници, а на 280 им е потребна интензивна нега. 516 лица се излекувани. Од …

Во Бугарија 80 жртви на корона вирусот за еден ден Read More »

Австралиската полиција уапси 14 лица за злоупотреба на деца


Австралиската полиција уапси 14 лица под обвинение за производство и дистрибуција на материјали што содржат злоупотреба на деца во Австралија и во странство.Според австралиската федерална полиција, меѓу уапсените бил и поранешен вработен во центарот за згрижување деца. Истрагата, спроведена во соработка со американската Служба за внатрешна безбедност, откри 46 жртви во Австралија, од кои 16 …

Австралиската полиција уапси 14 лица за злоупотреба на деца Read More »

Силен земјотрес почувствуван во Македонија


Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес. Според неофицијални информации, станува збор за земјотрес со јачина од 5.4 степени по Рихтер. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и во Албанија. Засега не е познато дали се причинети материјални штети низ нашата држава. Епицентарот на земјотресот …

Силен земјотрес почувствуван во Македонија Read More »

Во болница се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти со корона вирус


Со денешните нови 947 новозаболени, се смени и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, па така, во болница се лекуваат 1.012 пациенти заболени од корона вирус. На Инфективната клиника примени се 10 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 …

Во болница се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти со корона вирус Read More »

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја


Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги денешните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија. – Ние го искажавме нашиот …

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја Read More »

Се разговара за клучните амбасадорски места во Вашингтон и Брисел


Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека утре ќе потпише решенија за упатување на првите амабасадори на нашата земја по подолго време, но и дека исто така ќе има состанок со работната група за новиот закон за надворешни работи. Запрашан зошто во овој клучен момент на разговори со Бугарија, ние немаме амбасадор во Софија, …

Се разговара за клучните амбасадорски места во Вашингтон и Брисел Read More »

Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило


Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за воспоставување на зелен катастар на својата територија. Со пописот на урбаното зеленило во рамки на првата фаза од проектот, во сите основни училишта и градинки на територијата на општината, и во урбаните заедници „Бирарија“, „11 Октомври – згради“ и во дел од УЗ „Цветан Димов“, беа …

Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило Read More »

Меркел повика на реформа на Шенген зоната: Многу е важно да знаеме кој ја поминува границата


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа итно треба да ја реформира својата Шенгенска зона на отворени граници, во светло на неодамнешните терористички напади. „Сакам да го променам системот на влез и излез од Шенгенската зона кој би требало да биде подготвен во 2022 година“, изјави таа по состанокот со останатите европски челници. Меркел појасни …

Меркел повика на реформа на Шенген зоната: Многу е важно да знаеме кој ја поминува границата Read More »

Повторно над 2.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција, почина 41 лице


По два дена со помалку од 2.000 новозаразени, во Грција денеска повторно е регистриран висок број на нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.384, додека пак почина 41 лице, јави дописничката на МИА од Атина. Од ден на ден, во земјата се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Денеска се 263, односно 24 повеќе …

Повторно над 2.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција, почина 41 лице Read More »

Двајца починати од Ковид-19 во велешката болница


Во велешката Општа болница со Ковид-19 вкупно хоспитализирани се 65 пациенти, од кои 11 се сместени на Oдделението за физикална медицина. Од нив пет се сомнителни, а останатите потврдени позитивни. Тројца пациенти се испишани со еден негативен тест како оздравени, a 20 пациенти се на кислородна поддршка,информира др Весна Неделковска Николова од велешката Општа болница. …

Двајца починати од Ковид-19 во велешката болница Read More »

Фаучи: Ќе ја примам вакцината на „Фајзер“, имам доверба во таа компанија


Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА). Тој потенцираше дека има доверба во таа компанија како и во Агенцијата. – И верувам на компанијата Фајзер. Имам доверба во ФДА. Тие се мои колеги со децении, научници …

Фаучи: Ќе ја примам вакцината на „Фајзер“, имам доверба во таа компанија Read More »

Вонредно во два грчки града


  Грчката влада прогласи вонредна состојба во два града во регионот Хераклион на Крит, Кастели и Трапсанос. Обилните дождови кои паѓаа во петокот и во саботата доведоа до поплави во нив и многу лизгање на земјиште. Вонредната состојба ја воведе заменик-министерот за цивилна заштита за управување со кризи Никос Хардалиас, пренесе АНА. Вонредната состојба ќе …

Вонредно во два грчки града Read More »

Албанија од утре воведува полициски час


Албанија од утре воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на новиот коронавирусот по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22 до 6 часот. – Поради високиот број заразени и со цел да се спречи понатамошното …

Албанија од утре воведува полициски час Read More »

Официјална Виена: Самитот во Софија покажа дека Западен Балкан има еден пат – патот кон ЕУ


Самитот во рамките на Берлинскиот процес во Софија покажа дека има само еден пат за Западен Балкан, а тоа е патот кон ЕУ, рече министерката за ЕУ ​​во австриската влада, Каролина Едстадлер. Таа изјави дека договорот за заеднички регионален пазар со зелен коридор во правец на ЕУ и во однос на стандардите на Унијата, е …

Официјална Виена: Самитот во Софија покажа дека Западен Балкан има еден пат – патот кон ЕУ Read More »

Во Србија најмногу заболени во еден ден досега 2.823


  Во последните 24 часа во Србија забележани се рекордни 2.823 новозаразени со корона вирус, а починаа 14 пациенти. Зголемен е и бројот на тестирања во однос на претходниот период, па така денеска се тестирани 13.091 луше. Расте и бројот на пациенти на респиратор, каде има 126 пациенти. Од почетокот на епидемијата од Ковид-19 заболеа …

Во Србија најмногу заболени во еден ден досега 2.823 Read More »

Хаг: Кадри Весели се изјасни дека не е виновен за воени злосторства


Поранешниот офицер во ОВК и лидер на Демократската партија на Косово Кадри Весели, денеска, во своето прво појавување пред Специјалниот суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг (чие полно име е Специјализирани совети и Специјализирано обвинителство на Косово) изјави дека не е виновен за злосторства против Албанци, Срби и Роми низ Косово …

Хаг: Кадри Весели се изјасни дека не е виновен за воени злосторства Read More »

Лајен: Утре договор за 300 милиони дози од најперспективната вакцина


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската комисија на утрешниот состанок на сите комесари ќе одобри договор за набавка на најмногу 300 милиони дози од вакцината што ја развија германската компанија „Бајонтех“ и американската „Фајзер“. – Ова е најперспективната вакцина досега. Кога оваа вакцина ќе стане достапна, нашиот план е да ја примениме брзо насекаде …

Лајен: Утре договор за 300 милиони дози од најперспективната вакцина Read More »

Штипјанец вербално се заканувал на медицинскиот персонал и сакал насилно да влезе на Инфективното одделение


Дваесет и деветгодишен штипјанец сакал насилно да влезе во болничката соба на Инфективното одделение, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина. Случајот со агресивното однесување кон целиот медицински персонал во полицијата прво го пријавил еден од вработените, а подоцна и лекарката која наместо да ги лекува пациентите трпела агресивно однесување, но и  вербални закани и …

Штипјанец вербално се заканувал на медицинскиот персонал и сакал насилно да влезе на Инфективното одделение Read More »

Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време


Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време. Нашиот континент мина низ тешки периоди во кои доминираа национализми, тоталитарни идеологии, две светски војни и милиони жртви. И после сето тоа уништување и страдање, лидерите на западноевропските земји го избраа патот на градење заедничка Европа врз демократски принципи во …

Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време Read More »

За неколку часа се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари


Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои се уште не им ги испорачале. …

За неколку часа се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари Read More »