Италијански полицајци украле 195.000 евра од хрватски бизнисмен


 

Полициски службеници од Буј уапсиле двајца полицајци од Неапол и уште четири други поради сомнеж дека во Пула ограбиле хрватски бизнисмен.

Осомничени се дека од него украле 195.000 евра кои штотуку ги подигнал од банка.

Двајца мажи го нападнале бизнисменот пред банката и му ја украле торбата во која биле парите, а потоа ја предале на полицаец и карабинер кои чекале во автомобил.

Ограбувачите веднаш побегнале.

Полицијата ги сопрела на граничен премин меѓу Словенија и Хрватска, пишува Индекс.

Напаѓаќите се обиделе да ја преминат границата покажувајќи службени легитимации, но не успеале во намерата.

За сега не е познато државјанството на останатите учесници во грабежот.

Се поставува прашање што барале тројца италијански полициски службеници во
Хрватска и како ја поминале границата за време на строги мерки кои се на сила поради пандемијата од Ковид-19 и дали имале помагачи на хрватската страна.