Првата пратка со руски вакцини „спутник V“ стигна во Србија


 

Дози со вакцината против корона вирус „спутник V“ стигнаа во Србија на завршни тестирања.

Првите дози од вакцината се доставени во Белград, а како што истакнувааѕ институциите во Србија, вакцината ќе мора да помине лабораториска проверка во Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија. Русија прати 20 дози вакцина на тестирање во Србија.

Претседателот ан Србија Александар Вучиќ изјави дека во Србија покрај руските вакцини се очекува и прва пратка на вакцината на „Фајзер“ до крајот на годината, додека 350.000 дози од оваа вакцина ќе бидат обезбедени до крајот на февруари в година.

Како што истакна Вучиќ, вакцинацаијата во Србија треба да биде потполно бесплатна.