(Видео) Падна еден од најголемите телескопи на светот


 

Во вторникот, во опсерваторијата „Аресибо“ во Порторико, се урна еден од најголемите телескопи на светот, а сега се појави и снимка од тој момент.

Телескопот функционираше 57 години, но престана да се користи откако инжињерите порано годинава предупредија дека поради неговата лоша состојба тој може сам да падне.

Нивните прогнози се остварија во вторникот кога телескопот падна. Повредени нема.

Телескопот се користеше за бројни астрономски откритија, а во минатото прежиева урагани, земјотреси и бури. Сепак, штетата е направена, па телескопот падна пред планираното уривање. Изграден е 1963 година.