Одеднаш милијардер: Кои се најголемите профитери од пандемијата?


 

Пандемијата многумина осиромаши, но некои претприемачи се збогатија, а други станаа уште побогати.

Некои бранши се во голема криза, а некои одеднаш се многу барани.

Меѓу победниците има и Гермаци, пишува Доче Веле.

Богат, уште побогат, Џеф Безос

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос, е надвор од секоја категорија. На компанијата „Амазон“ за време на пандемијата ѝ оди уште подобро. Цената на акциите скока од рекорд во рекорд. Безос, најбогатиот човек на светот и пред пандемијата, сега стана уште побогат и има 160 милијарди евра.

Елон Маск фрли око на врвот

Правите автомобили, но ве вреднуваат како технолошка компанија! На Елон Маск тоа му успеа со „Тесла“. Неговата компанија профитираше од почетокот на пандемијата кога на берзата сè што имаше врска со технологија растеше. Претприемачот што е роден во Јужна Африка неодамна го претекна Бил Гејтс и со богатство кое во моментот се проценува на 110 милијарди евра се движи кон врвот на кој е Безос.

Работа од дома – Зум

Работата од дома за време на пандемија е голем благослов за Ерик Јуан. Основачот на платформата за комуникација Зум, дојде во САД од Кина кога имаше 27 години. По неколку години работа за ВебЕкс, основа сопствена видео платформа и во 2019 година отиде на берза. Цената на акциите на Зум експлодира. Нето вредноста на љубителот на кошарката Јуан се проценува на 16 милијарди евра.

Спорт од дома – Пелатон

Затворените теретани и ограничените контакти му одеа на рака на Џон Фоли. Во 2013 година беше на почеток и се надеваше да дојде до капитал за неговите вмрежени спортови за вежбање да успеат – денеска инвеститорите го молат. Цената на акциите за време на пандемијата тројно порасна и неочекувано 50-годишникот го направи милијардер.

Креирање продавници на интернет

Shopify е софтвер кој оим овозможува на трговците сами да креираат интернет продавници и да се поврзат со фирми кои се занимаваат со логистика. Тобијас Литке стои зад концептот. По потекло до Кобленц во 2002 година емигрирал во Канада и почнал во гаража. Shopify сега е највредна канадска компанија, Цената на акциите двојно се зголеми од март, а богатството на 39-годишниот Литке се проценува на 7,5 милијарди евра.

Одеднаш милијардер

Вакцината против корона која ја разви Бионтех од Мајнц, е фирма чиј соосновач и сопственик е Угур Шахин, прва во Европа доби одобрение за масовна употреба. Тоа значи дека Шахин, кој се доселил од Турција, не само што одеднаш стана светски познат, туку и исклучително многу се збогати. Вредноста на неговите акции се проценува на повеќе од две милијарди евра.

Готвење дома

HelloFresh е фирма која ви предлага што да зготвите и ви доставува пакет со потребни намирници. Од почетокот на пандемијата профитот се зголеми тројно, продажбата е двојно поголема, покажува тромесечниот биланс во ноември. Соосновачот и акционер Доминик Рихтер профитира од затворените ресторани и трендот на готвење дома. Сè уште не е милијардер, но веќе има вистински состојки и за тоа.

Поранешна сопруга – и уште еднаш „Амазон“ на врвот

Пандемијата и „Амазон“ не го направија најбогат само Џеф Безос, туку и Мекензи Скот, неговата поранешна сопруга, исто така добро заработи благодарение на пакетот акции. Сега е на прво место на листата најбогати жени на светот со богатство од 60 милијарди евра.