Британија ќе исплаќа отштета поради евентуални нуспојави од вакцината против Ковид-19


 

Британија планира да плаќа отштета во висина од 130.000 евра на лицата кои би имале тешки нуспојави од вакцината против корона вирусот.

Оваа информација ја соопшти владата откако вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска беше доставена во Велика Британија.

Британија е прва земја која по итна постапка ја одобри употребата на оваа вакцина.

Министерството за здравство соопшти дека корона вирусот ќе се додаде на листата болести во постоечката шема за исплата за штетност на вакцината и дека тоа ќе биде мерка за претпазливост, иако вакцините ќе се даваат само по строги проверки, пишува Ројтерс.

За отштета од евентуални штетни ефекти, односно нуспојави на вакцината против корона вирусот многу е разговарано претходните месеци со оглед на тоа дека производителите на лекови и владите во рекорден рок работат на нејзин развој.

Британија соопшти дека ќе продолжи да ја надгледува сигурноста на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.