Калфин: Бугарија губи во ситуацијата со С. Македонија, а други земји ја користат како изговор


Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакаше да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, оценува поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин. Во изјава за БНТ, …

Калфин: Бугарија губи во ситуацијата со С. Македонија, а други земји ја користат како изговор Read More »

Коалиција Маргини поднесе тужба заради дискриминаторска содржина во факултетски учебник


 Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација. Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето …

Коалиција Маргини поднесе тужба заради дискриминаторска содржина во факултетски учебник Read More »

Кањонот Матка да стане споменик на природата


Советниците на Град Скопје, денеска ќе го разгледуваат и предлогот за прогласување на заштитениот локалитет „Кањон Матка“ за споменик на природата. Советот на Град Скопје му предлага на Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе постапка за ревалоризација и прогласување на заштитениот локалитет на подрачјето на Град Скопје „Кањон Матка“ за споменик на …

Кањонот Матка да стане споменик на природата Read More »

Третата фаза покажа дека вакцината на Универзитетот Оксфорд е ефикасна


  Резултатите од прелиминарната анализа на третата фаза од испитувањата која ја спроведе Универзитетот Оксфорд за вакцината AZD1222 покажаа дека вакцината е безбедна и делотворна во превенција на симтоматската болест Ковид-19 и дека штити од потешки облици и хоспитализирање. Досега објавените податоци за безбедност на вакцината се однесуваат на повеќе од 20.000 учесници во четири …

Третата фаза покажа дека вакцината на Универзитетот Оксфорд е ефикасна Read More »

ОН: Во светот има рекордни 80 милиони раселени лица


Кон средината на 2020 година, во екот на пандемијата на  коронавирусот, бројот на бегалци и раселени лица во светот надмина 80 милиони, што е најголем досега, соопштија Обединетите нации. Високиот комесар за бегалци на ОН, Филио Гранди изрази жалење што светот го достигна тој „мрачен граничник“ и предупреди дека ситуацијата ќе се влоши доколку „светските …

ОН: Во светот има рекордни 80 милиони раселени лица Read More »

Венеција под вода – конечно активиран одбранбениот систем за поплави


  Системот, кој би треба да ја заштити Венеција од поплави, беше активиран синоќа во 3 часот по локално време, откако вчера не успеа да се вклучи, јави ААФ, цитирајќи ја италијанската агенција АНСА. Вчера попладне, откако невреме со поројни дождови погоди голем дел од Италија, нивото на водата во Венеција достигна 138 сантиметри, но …

Венеција под вода – конечно активиран одбранбениот систем за поплави Read More »

Кој ќе ја прими руската вакцина не треба да пие алкохол два месеца


Луѓето кои ќе ја примат руската вакцина против Ковид-19, спутник V, мора два месеца да се воздржат од пиење алкохол, изјави шефицата на службата за заштита на потрошувачите, Ана Попова. Инструкциите следат откако заменичката на премиерот Татјана Голикова изјави дека граѓаните треба да избегнуваат алкохол и имуносупресиви 42 дена, затоа што вакцината се прима во …

Кој ќе ја прими руската вакцина не треба да пие алкохол два месеца Read More »

Голем пораст на новозаболени во Франција


  Во последните 24 часа во Франција евидентиран е пораст на бројот новозаразени со Ковид-19 или 13.713, во споредба со 3.411 или 8.083 минатиот вторник. Бројот на пациенти на интензивна падна на 3.088, но и понатаму недоволно за да се стекнат услови за попуштање на мерките кои ги постави претседателот Емануел Макрон, а тоа е …

Голем пораст на новозаболени во Франција Read More »

Пендаровски прв би се вакцинирал


Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека сакал тој прв да ја прими вакцината против Ковид-19. -Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме …

Пендаровски прв би се вакцинирал Read More »

Пендаровски: Сакаме решение, но ако Бугарија оди со остра реторика договор ќе нема


Ветото на Бугарија не е ништо ново. Имаме уште два дена, кога е состанокот на шефовите на држави и влади во Брисел, но досега нема пробив во разговорите на работните групи на двете министерства, изјави шефот на државата Стево Пендаровски. „Јас не би рекол дека ова е нешто ново. Станува збор за едно вето да …

Пендаровски: Сакаме решение, но ако Бугарија оди со остра реторика договор ќе нема Read More »

Уште 28 пациенти починаа од Ковид-19, новозаразени се 1.120


Во последните 24 часа се направени 2.993 тестирања, а регистрирани се 1.120 нови случаи на Ковид-19 во:   -Скопје 507 -Куманово 60 -Штип 30 -Прилеп 52 -Тетово 37 -Струга 35 -Велес 31 -Битола 36 -Охрид 49 -Кавадарци 33 -Гостивар 56 -Гевгелија 8 -Струмица 43 -Крива Паланка 6 -Радовиш 10 -Крушево 3 -Кочани 16 -Пробиштип 2 …

Уште 28 пациенти починаа од Ковид-19, новозаразени се 1.120 Read More »

Шест осомничени и запленети 2 тона дрога по вчерашната акција во Арачиново


По вчерашната голема акција на полицијата за пронаоѓање на урадената марихуана од скад во Јосифово, Валандовско, полицијата соопшти дека имаат шестмина осомничени, од кои дел се во притвор, а исто така пронајдена е и дел од дрогата. – МВР во координација со јавното обвинителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и …

Шест осомничени и запленети 2 тона дрога по вчерашната акција во Арачиново Read More »

Во Грција 1.382 нови случаи на Ковид-19 и 102 починати


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.382 нови случаи на Ковид-19, а починаа 102 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 118.045, а на починати на 3.194 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи 303 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 283 во Солун, а останатите …

Во Грција 1.382 нови случаи на Ковид-19 и 102 починати Read More »

Во Албанија 753 новозаразени и 14 починати од Ковид-19


Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во Албанија, каде во изминатото деноноќие опасниот вирус е дијагностциран кај 753 лица, а како последица од него починале 14 пациенти. – Во изминатите 24 часа беа тестирани 2.532 сомнителни случаи при што опасниот вирус е дијагностициран кај 753, што е 29,7 отсто од тестираните. Најголем број од новозаразените …

Во Албанија 753 новозаразени и 14 починати од Ковид-19 Read More »

Се зголемува транспарентноста на власта


Во согласност со политиките за отчетност и транспарентност, на вчерашната седница Владата донесе одлука да ги задолжи сите државни институции, јавните претпријатија основани од неа, акционерските друштва во државна сопственост, и другите кои одговараат пред неа, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од …

Се зголемува транспарентноста на власта Read More »

Рот: ЕУ има повеќе вакцини отколку што и е потребно, ќе даваме на други


Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот, изјави денеска дека ЕУ резервирала повеќе вакцини против Ковид-19 отколку што ќе и бидат потребни, а вишокот ќе го подели со други земји. – ЕУ ќе ја одржи преземената одговорност за заштита на граѓаните и ќе го направиме тоа на глобално ниво, порача Рот. Унијата досега склучи договори …

Рот: ЕУ има повеќе вакцини отколку што и е потребно, ќе даваме на други Read More »

Путин потпиша закон: Затвор за отуѓување руски територии


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет закони со кои се воведуваат затворски казни за отуѓување на руски територии. Со закон се воведуваат и административни казни за јавни повици за отуѓување руски територии. Кривичниот законик сега ќе биде проширен со нова клаузула – кршење на територијалниот интегритет, која предвидува казна од 10 години за отуѓување руски …

Путин потпиша закон: Затвор за отуѓување руски територии Read More »

Притвор за осомничен кој прегазил пешак и го напуштил местото на несреќата


 Тетовската полиција соопшти дека 36-годишен маж од селото Пршовце е приведен како осомничен за сообраќајната несреќа на 6 декември на патот Тетово-Јажинце во која загина пешак, а возилото го напуштило местото. По вчерашното приведување и задржување во полициска станица, денес судија во претходна постапка му одредил притвор од 8 дена. – СВР Тетово го обезеди …

Притвор за осомничен кој прегазил пешак и го напуштил местото на несреќата Read More »

Во Косово 17 починати, 557 заболени и 727 излекувани од Ковид-19 во изминатите 24 часа


Во Косово изминатото деноноќие се регистрирани нови 17 смртни случаи како последица на Ковид-19, а во истиот период има и 557 нови случаи кај кои е откриен корона вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, вирусот е откриен кај вкупно 43.881 лице, од кои починале 1.137 …

Во Косово 17 починати, 557 заболени и 727 излекувани од Ковид-19 во изминатите 24 часа Read More »