Рот: ЕУ има повеќе вакцини отколку што и е потребно, ќе даваме на други

Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот, изјави денеска дека ЕУ резервирала повеќе вакцини против Ковид-19 отколку што ќе и бидат потребни, а вишокот ќе го подели со други земји.

– ЕУ ќе ја одржи преземената одговорност за заштита на граѓаните и ќе го направиме тоа на глобално ниво, порача Рот.

Унијата досега склучи договори со шест фармацевтски компании, кои произведуваат вакцини на територијата на Европа, за набавка на околу 1.360 милиони дози потенцијални вакцини против коронавирус.