Шест осомничени и запленети 2 тона дрога по вчерашната акција во Арачиново


По вчерашната голема акција на полицијата за пронаоѓање на урадената марихуана од скад во Јосифово, Валандовско, полицијата соопшти дека имаат шестмина осомничени, од кои дел се во притвор, а исто така пронајдена е и дел од дрогата.

– МВР во координација со јавното обвинителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и активности со цел расчистување на кривичното дело „разбојништво“ извршено меѓу 3 и 4 декември во склад на фирма во Јософиво, Валандовско, при што се одземени близу два тона марихуана. Веднаш по добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и по добиени оперативни сознанија извршени се претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје како и други локаци, при што е пронајдена дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. Досега имаме шест осомничени лица, за коишто имаме обезбедено докази, но истрагата се проширува и продолжува. Во соработка со Јавното обвинителство Гевгелија преземаме мерки иа ктивности се до целосно расчистување на овој случај – рече во својата изјава вечерва, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.