Без вода дел од улица „Благоја Стевковски“, Хиподром и Трубарево со намален притисок


Поради дефект на улицата „Дончо Штипјанчето“ кај стара последна автобуска на 50-ка, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Благоја Стевковски“, а со намален притисок ќе бидат Хиподром и Трубарево. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот до санирање на дефектот.

Барди стрелец за Леванте во поразот од Валенсија


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди се запиша во листата на стрелците на синоќешниот дуел на неговиот тим Леванте со градскиот ривал Валенсија. Натпреварот заврши со победа на Валенсија 4:3, а Македонецот погоди во првата минута од судиското надополнување на второто полувреме. По 18 одиграни натпревари Леванте се наоѓа на последното место во Ла Лига со …

Барди стрелец за Леванте во поразот од Валенсија Read More »

Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти


Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, при што загинаа 17 лица, а 68 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Бродот „Франциа“ рано утринава го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе биле спасени од Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација. Бродот …

Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти Read More »

(Видео) Запалени српски знамиња во Тирана, хаос на протестот против „Отворен Балкан“


Протести и инциденти во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“ пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, дел од оние кои протестирале во центарот на Тирана против Александар Вучиќ, ги запалиле српските знамиња. Ги симнаа знамињата кои беа закачени на бандерите, ги запалија и ги нагазија, кажале очевидци, пишуваат агенциите. Live / Albanians burn the Serbian flag …

(Видео) Запалени српски знамиња во Тирана, хаос на протестот против „Отворен Балкан“ Read More »

Бектеши: Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година


Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на својот фејсбук профил истакна дека проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра. -Собранието денеска го …

Бектеши: Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година Read More »

(Видео) Вооружен маж држи две жени како заложнички во Париз


Маж вооружен со нож држи во заложништво две жени во една продавница во Париз, пренесе АФП, повкувајќи се на извори од полицијата. На местото на настанот има многу полиција која се обидува да ги ослободи жените. Цел круг околу местото е затворен за пристап, а градските власти ги повикаа парижани да не доаѓаат во овој …

(Видео) Вооружен маж држи две жени како заложнички во Париз Read More »

Д-р Пановски: Да се воведе ПЦР тест за сите патници


Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека сојот омикрон најверојатно е веќе влезен во земјава. -Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во …

Д-р Пановски: Да се воведе ПЦР тест за сите патници Read More »

Сити двојно му ја зголеми платата на Силва


Премиерлигашот Манчестер сити одлучи да го награди својот играч за врска Бернардо Силва за одличните настапи оваа сезона преку значително зголемување на годишната плата, јавија денеска британските медиуми. Силва очекуваше во летниот трансфер период, кога Сити го доведе Џек Грилиш за 117 милиони да падна во втор план, но место тоа, тој сезонава е најдобриот …

Сити двојно му ја зголеми платата на Силва Read More »

Oсумгодишниот Марко Зафиров од Велес државен првак во шах


Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот  Марко Зафиров од Велес, денеска се сретна со градоначалникот Марко Колев. Како што информираат од Општина Велес, малиот Марко му раскажал на градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како …

Oсумгодишниот Марко Зафиров од Велес државен првак во шах Read More »

Омикрон се шири брзо и ги заразува и вакцинираните – СЗО


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна …

Омикрон се шири брзо и ги заразува и вакцинираните – СЗО Read More »

Вакцината на „Фајзер“ во Франција одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години


Францускиот медицински регулатор ХАС (Haute Autorite de Sante) денеска ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години. – ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, …

Вакцината на „Фајзер“ во Франција одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години Read More »

Собранието попладнево донесе шест законски решенија


Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 57-та седница без расправа, едногласно со 62 гласа „за“ го донесе Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, …

Собранието попладнево донесе шест законски решенија Read More »

Ново возило за Итната медицинска помош во Делчево


Итната медицинска помош во Делчево доби ново медицинско транспортно возило, кое ќе биде наменето за пренесување на пациентите до најблиските клинички центри во државата. Директорката на делчевскиот Здравствен дом, Марија Глигоровска информираше дека возилото е обезбедено со средства од сопствениот буџет. -Требаше ова возило да стигне малку порано, меѓутоа изборниот процес ги закочи јавните набавки, …

Ново возило за Итната медицинска помош во Делчево Read More »

Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините


Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата …

Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините Read More »

Нови 127 заразени и вкупно 10 починати Ковид-пациенти


Нови 127 заразени со КОВИД-19 од 1766 тестирања, оздравени 261  пациент и шест починати се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Дополнително се евидентирани и четири починати пациенти преку „Мој термин“ во периодот од 22 ноември до 18 декември 2021.   Од вкупниот број новозаразени, во Скопје се 90, Охрид – девет, …

Нови 127 заразени и вкупно 10 починати Ковид-пациенти Read More »

Десетина пожари во станбени објекти во Тетово за три недели, честопати поради оџаците


 Зачестија пожарите во станбените објекти поради појава на оган во оџаците, а таков пример имаше утринава во селото Лешок. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица огнот целосно е изгаснат и нема повредени лица. Во тетовската полиција за овие три изминати недели од декември регистрирани се девет пожари, од кои осум во објекти, поради што …

Десетина пожари во станбени објекти во Тетово за три недели, честопати поради оџаците Read More »

(Во живо) Прес-конференција на Фатон Асани и директорот на „Славија” Блаже Зафировски


Владата и Агенцијата за управување со одземен имот ја интензивираа својата работа во насока на средување на сите процесни подготовки за продажба на имотот кој е претходно конфискуван врз основа на правосилни судски пресуди за сторени кривични дела. Владата одлучи и ја задолжи Агенцијата за управување со одземен имот да ја отпочне постапката за продажба …

(Во живо) Прес-конференција на Фатон Асани и директорот на „Славија” Блаже Зафировски Read More »

Опожарени три куќи во Злокуќани, нема жртви


Три куќи денеска се опожарени во населбата Злокуќани, но за среќа нема жртви, ниту повредени. Едната е комплетно изгорена, втората не е толку опожарена колку што има штета од водата со која се гаснел пожарот, додека кај третата опожарена е само една соба. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа со 13 пожарникари и четири …

Опожарени три куќи во Злокуќани, нема жртви Read More »

„Лежечки полицајци“ поставени на неколку улици во Ѓорче Петров


Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата. Десетина улици во Ѓорче Петров на кои има голема фреквенција на возила, а жителите се жалеа дека се вози брзо, се поставени т.н. легнати полицајци. Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во …

„Лежечки полицајци“ поставени на неколку улици во Ѓорче Петров Read More »

Скопје доби „мајка“, но стана сираче


Данела Арсовска е првата жена градоначалник на Град Скопје по прилепчанката Вера Ацева, која го предводела градот во 1948 година. Скопје, по многу татковци, конечно доби мајка, која вети дека во првите 82 дена од мандатот, преку програмата за модерно Скопје, ќе спроведе 15+1 проекти. Педесетина дена по локалните избори, Арсовска, која како независен кандидат, …

Скопје доби „мајка“, но стана сираче Read More »