Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти


Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, при што загинаа 17 лица, а 68 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.

Бродот „Франциа“ рано утринава го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе биле спасени од Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација.

Бродот е регистриран како товарен брод, не за превоз на патници, а Антанамбе не е официјално пристаниште, изјави Жан Едмонд Рандријантенен, генерален директор на Агенцијата за поморска и речна навигација и оцени дека бродот очигледно потонал поради дупка во трупот низ кој влегувала вода.