Барди стрелец за Леванте во поразот од Валенсија


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди се запиша во листата на стрелците на синоќешниот дуел на неговиот тим Леванте со градскиот ривал Валенсија. Натпреварот заврши со победа на Валенсија 4:3, а Македонецот погоди во првата минута од судиското надополнување на второто полувреме.

По 18 одиграни натпревари Леванте се наоѓа на последното место во Ла Лига со само осум бодови и без ниту една победа.

За Барди ова беше трет гол во шпанското првенство оваа сезона. Претходно два пати ја затресе мрежата на Атлетико Мадрид.

Валенсија е седма со 28 бода.