Нови 127 заразени и вкупно 10 починати Ковид-пациенти


Фото: Б. Грданоски
Нови 127 заразени со КОВИД-19 од 1766 тестирања, оздравени 261  пациент и шест починати се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Дополнително се евидентирани и четири починати пациенти преку „Мој термин“ во периодот од 22 ноември до 18 декември 2021.
 
Од вкупниот број новозаразени, во Скопје се 90, Охрид – девет, Битола и Штип по шест, Кавадарци – четири, Струмица – тројца, Прилеп, Ресен и Виница по двајца и по еден нов случај е регистриран во  Куманово, Кичево и Струга.
 
Во изминатите 24 часа починале шест лица: двајца од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Сите починале во болнички услови.
 
Четворицата починати согласно со Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, (помеѓу 22 ноември и 18 декември 2021) се на возраст од 48 до 75 години и сите починале во болница.
Двајца од нив се од Тетово и по еден од Гостивар и Струга.
 
Денешната Ковид-статистика бележи и  261 оздравен пациент: Скопје – 132, Прилеп – 28, Битола – 17, Струмица – 10, Куманово – девет, Кочани – осум, Крива Паланка и Валандово по седум, Штип и Пробиштип по пет, Тетово и Делчево по четири оздравени, Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово – по тројца, Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод по двајца и Неготино и Македонска Каменица имаат по еден оздравен.
 
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
 
Скопје 97.097, Активни 2.607
Куманово 13.059, Активни 141
Тетово 11.393, Активни 78
Прилеп 10.602, Активни 350
Битола 9.065, Активни 408
Гостивар 8.082, Активни 18
Велес 7.441, Активни 167
Кавадарци 7.298, Активни 249
Штип 6.705, Активни 113
Охрид 6.677, Активни 232
Струмица 6.228, Активни 134
Кичево 4.291, Активни 77
Кочани 4.078, Активни 60
Струга 3.917, Активни 23
Гевгелија 2.879, Активни 94
Неготино 2.616, Активни 49
Свети Николе 2.149, Активни 50
Крива Паланка 1.941, Активни 57
Ресен 1.812, Активни 65
Радовиш 1.790, Активни 53
Берово 1.473, Активни 31
Дебар 1.457, Активни 1
Делчево 1.456, Активни 72
Виница 1.174, Активни 19
Пробиштип 1.137, Активни 19
Валандово 1.003, Активни 59
Кратово 789, Активни 14
Богданци 671, Активни 35
Демир Хисар 632, Активни 31
Крушево 601, Активни 24
Македонски Брод 518, Активни 15
Македонска Каменица 427, Активни 24
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 355, Активни 5
Дојран 172, Активни 3
 
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221 411 од направени 1 551 730 тестирања. Оздравени се 208 209 пациенти, починати 7825, а  активни случаи има  5377.