По повеќекратни напади со беспилотни летала: Турција испраќа Ф-16 во северен Кипар


Турција планира да распореди шест борбени авиони Ф-16 во северен Кипар во понеделник за да ја зајакне одбраната на турската заедница таму, објави телевизијата НТВ. Оваа телевизија се повика на извори во Турската Република Северен Кипар, односно делот од Кипар што е под контрола на оваа земја. Извор од турското Министерство за одбрана во саботата …

По повеќекратни напади со беспилотни летала: Турција испраќа Ф-16 во северен Кипар Read More »

Бенфика се спаси по 0:2 со Порто, Мурињо беше исклучен кон крајот на натпреварот


Бенфика и Порто одиграа нерешено 2:2 синоќа во 25. коло од португалската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Естадио да Луж“ во Лисабон. Виктор Фрохолд и Оскар Пјетушевски ги постигнаа головите за гостите во првото полувреме.  Андреас Шјелдеруп и Леандро Бареиро ги постигнаа головите за домаќините во второто полувреме, а Бареиро израмни во 89. минута. …

Бенфика се спаси по 0:2 со Порто, Мурињо беше исклучен кон крајот на натпреварот Read More »

Тони Цетински станува член на хрватската репрезентација во сè попопуларен спорт


Познатиот хрватски пејач Тони Цетински е посветен на риболовот, што е негово големо хоби, покрај музиката, уште од дете, а колку сериозна стана оваа приказна покажува фактот што сега стана член на хрватската репрезентација. Имено, Цетински обезбеди место за хрватската репрезентација, која ќе се натпреварува на Светското првенство во риболов во областите со пастрмка. Ова …

Тони Цетински станува член на хрватската репрезентација во сè попопуларен спорт Read More »

Македонија ќе биде домаќин на Детски Евросонг 2026 – се чека потврда од МРТ


Македонија е избрана за домаќин на Детскиот Евросонг 2026, објави Eurofestival News. Ова ќе биде првпат Евровизија да се одржи во Македонија и првпат во земја од поранешна Југославија од 2008 година, кога Белград беше домаќин. „Франција се откажа, а Северна Македонија беше пред нас во апликацијата, така што тие ќе бидат домаќини“, откри генералниот …

Македонија ќе биде домаќин на Детски Евросонг 2026 – се чека потврда од МРТ Read More »

Сребрен и бронзен медал за математичарите Јан Стојановски и Андреј Стојановски на SEEMOUS


Македонските студенти од Природно-математичкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје повторно блеснаа на меѓународната математичка сцена! На престижниот студентски натпревар по математика SEEMOUS 2026, тие постигнаа извонреден успех. Јан Стојановски, студент на теориска математика и теориска физика, освои сребрен медал, Андреј Стојановски, студент на теориска физика, освои бронзен медал, со што достојно …

Сребрен и бронзен медал за математичарите Јан Стојановски и Андреј Стојановски на SEEMOUS Read More »

(Видео) Погоден луксузен облакодер: Итна евакуација на дел од Дубаи


Луксузен станбен облакодер во Дубаи е погоден од остатоци од дрон за кој се сомнева дека доаѓа од Иран. Тој бил пресретнат од силите на Обединетите Арапски Емирати, потврдија официјални лица. Фотографиите и снимките покажуваат чад како се издига од облакодерот „23 Марина“, кој е висок 392,8 метри, има 88 ката и повеќе од 280 …

(Видео) Погоден луксузен облакодер: Итна евакуација на дел од Дубаи Read More »

Во недела почнува евакуацијата на Македонците од Блискиот Исток – најдена авиокомпанија


Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови ќе започне во недела, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството соопштија дека попладнево е склучен договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки и по спроведена соодветна постапка. Според утврдениот план, се очекува до средината на следната недела да …

Во недела почнува евакуацијата на Македонците од Блискиот Исток – најдена авиокомпанија Read More »

Со турска помош ќе се осветлува Камениот мост во Скопје


Турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, денеска се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски при што беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. Проектот предвидува поставување современо LED осветлување кое ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики на …

Со турска помош ќе се осветлува Камениот мост во Скопје Read More »

Алармантно: Дубаи има свежа храна само уште 10 дена, парите сега не им помагаат


Извршниот директор на една од најголемите логистички компании во светот презентираше информации кои беа претежно игнорирани од западните медиуми, Дубаи има залихи на свежа храна само уште десет дена. Причината не е недостаток на пари, туку сурова физика и прекинати синџири на снабдување поради конфликтот со Иран. Стефан Пол, директор на компанијата Kuehne and Nagel, …

Алармантно: Дубаи има свежа храна само уште 10 дена, парите сега не им помагаат Read More »

Ракометарите на Еурофарм Пелистер први изборија полуфинале во Купот


Екипата на Еурофарм Пелистер избори пласман во полуфиналето на Купот откако попладнево во Битола го совлада Прилеп со 30:28. Ова беше трет натпревар за битолчани во три дена и по нерешениот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите остварија две победи денеска против Прилеп и вчера против Струга со 44:19. Дуелот против Прилеп беше „финале“ …

Ракометарите на Еурофарм Пелистер први изборија полуфинале во Купот Read More »

Утре сончево и топло со температури до 18 степени


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура …

Утре сончево и топло со температури до 18 степени Read More »

Мерц, Макрон, Стармер и Мелони разговараа за дипломатска координација на кризата на Блискиот Исток


 Лидерите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија денеска во телефонски разговор се согласија да работат заедно на „дипломатска и воена координација“ како одговор на ескалацијата на војната на Блискиот Исток предизвикана од нападите на САД и Израел врз Иран и одговорот на Техеран, објави британската влада. Фридрих Мерц, Емануел Макрон, Кир Стармер и Џорџа …

Мерц, Макрон, Стармер и Мелони разговараа за дипломатска координација на кризата на Блискиот Исток Read More »

ОН: Најмалку 50.000 Сиријци избегале од Либан


Најмалку 50.000 Сиријци избегале од Либан поради израелските напади, соопшти Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации. Организацијата забележа дека бројката не ги вклучува оние за кои се верува дека избегале вчера, откако Израел нареди евакуација на целото население од јужните предградија на Бејрут, објави Ал Џезира. Пред падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад минатата …

ОН: Најмалку 50.000 Сиријци избегале од Либан Read More »

Грција ѝ доаѓа на помош на Бугарија: „Го правиме ова за антибалистичка заштита од Иран“


Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас во петокот објави распоредување на системи „Патриот“ во северна Грција за да ѝ обезбеди на Бугарија „антибалистичка заштита од Иран“. Дендиас објави дека батерија „Патриот“ ќе биде преместена на север од земјата „во наредните часови“. Два грчки авиони Ф-16 се преместени и во северна Грција со „ексклузивна задача да …

Грција ѝ доаѓа на помош на Бугарија: „Го правиме ова за антибалистичка заштита од Иран“ Read More »

ИДЕА ЛАБ освои две награди на BEAM – Best of Event Awards Macedonia


Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две престижни признанија на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, потврдувајќи ја својата позиција како една од водечките агенции во индустријата за организација на настани и бренд комуникации во Македонија. Агенцијата беше наградена со признание за најдобар ПР настан за проектот …

ИДЕА ЛАБ освои две награди на BEAM – Best of Event Awards Macedonia Read More »

Манделсон на слобода, но под истрага


Питер Манделсон, поранешниот британски министер и амбасадор во САД, повеќе не е слободен со кауција, но е ослободен во исчекување на истрагата. „72-годишен маж, уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, е ослободен во исчекување на истрагата. Истрагата е сè уште во тек“, соопшти лондонската полиција, според Скај њуз. Манделсон беше уапсен на 23 …

Манделсон на слобода, но под истрага Read More »

Тошковски убеден дека може да се подобри заштитата на жртвите на семејно насилство


Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. – Можам да претпоставам дека најголемиот дел …

Тошковски убеден дека може да се подобри заштитата на жртвите на семејно насилство Read More »

Што ќе се случи ако добиете забрана за управување моторно возило – чекор по чекор


Министерство за внатрешни работи  ја информира јавноста за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.   Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во …

Што ќе се случи ако добиете забрана за управување моторно возило – чекор по чекор Read More »

Скопјанец обљубил девојка која стигнала од Германија – не дозволил да ѝ се јави на мајка ѝ


Лишен од слобода Е.А. од Скопје за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал. Во четвртокот, во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал …

Скопјанец обљубил девојка која стигнала од Германија – не дозволил да ѝ се јави на мајка ѝ Read More »

Алиу за непотребните кардиолошки интервенции: Лекарите се уште работат, најверојатно наредната недела ќе бидат соопштени деталите


Лекарите од странство, кои се дел од Комисијата за утврдување на непотребни интервенции извршувани во клиники во земјата, а кои ги откри академик Сашко Кедев се уште работат и како што најави министерот за здравство Азир Алиу најверојатно наредната недела ќе има и прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите.  – Тие работат, немам информации, …

Алиу за непотребните кардиолошки интервенции: Лекарите се уште работат, најверојатно наредната недела ќе бидат соопштени деталите Read More »