Газпром: Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година


Извозот на гас од руската компанија Газпром надвор од земјите од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година. Газпром ги објави овие податоци во денешната анализа на операциите во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската офанзива врз Украина. Во соопштението, извршниот …

Газпром: Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година Read More »

(Видео) Дали ова е новата „алфа ромео џулија“


Нова видео-снимка открива како може да изгледа следната верзија на популарниот италијански автомобил. „Следната „џулија“ за наклонетоста на купувачите ќе се натпреварува со моделите како што се бе-ем-ве i4, и најавениот „мерцедес EQC“ и „ауди A4 e-tron“ Иако нема информации за спецификациите, „џулија EV“ најверојатно ќе биде заснована на механичка платформа STLA Medium, место да …

(Видео) Дали ова е новата „алфа ромео џулија“ Read More »

Извадено телото на жената која се фрли во Вардар на новогодишната ноќ


Денеска специјалците од полициската единица Тигри во реката Вардар го пронајдоа и извадија телото на жената што се фрли во реката кај Велес. 55-годишната жена која после полноќ на 31 декември се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес, а во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес …

Извадено телото на жената која се фрли во Вардар на новогодишната ноќ Read More »

Фон дер Лајен ѝ вети на Украина поддршка од ЕУ во „херојската борба“


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади. – Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша …

Фон дер Лајен ѝ вети на Украина поддршка од ЕУ во „херојската борба“ Read More »

Татко прво им се заканил на синот и снаата, па почнал да пука со пушка


Голема драма се случувала на новогодишната ноќ пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко. – На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани …

Татко прво им се заканил на синот и снаата, па почнал да пука со пушка Read More »

Зголемен број деца хоспитализирани на детско одделение во кумановската болница


Околу 100-тина прегледи дневно има на детското одделение од општа болница Куманово, информираа денеска надежните од јавната здравствена установа. На одделението, хоспитализирани се дваесет дечиња, а на дневна болница има 15-тина деца на дневна болница. – Заболените се деца на училишна и предучилишна возраст. Се разболуваат и помали кои се инфицираат од братчињата, сестричиња. Најчесто …

Зголемен број деца хоспитализирани на детско одделение во кумановската болница Read More »

Град Скопје го зголеми буџетот за мерни станици за загадување на воздухот


Иницијативата Зелен Хуман Град која ја сочинуваат голем број здруженија успеа да се избори за 5 круцијални проекти во Буџетот на Град Скопје за 2023 година. Велат ги чека напорна работа претстојнава година со цел да се осигураат дека сѐ од прифатеното ќе се реализира! За новиот Буџет 2023 се прифатени 5 амандмани што ЗХГ …

Град Скопје го зголеми буџетот за мерни станици за загадување на воздухот Read More »

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година


На социјалната мрежа Твитер се појави видео, кое наводно е направено во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје по новогодишната ноќ. Како што може да се забележи на видеото, низ ходниците се расфрлани различни отпадоци и има скршено стакло, а уништен е и еден хидрант. – Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив …

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година Read More »

Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран


 Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост. Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА. Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи. Секој кој е чувствителен на загадување или е …

Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран Read More »

Тетово и Гостивар со мерки за заштита од загадување


Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која …

Тетово и Гостивар со мерки за заштита од загадување Read More »

Пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело најверојатно на Македонец


 По неколкудневна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист Пламен Христов, кој исчезна пред една недела. Телото е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, Бугарија, а до него е пронајдено уште едно тело на маж, кое не е идентификувано, но се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи како него се пронајдени македонски денари. Информацијата …

Пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело најверојатно на Македонец Read More »

ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, проблеми со вентилацијата


АД ЕСМ денеска соопшти дека термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен. – Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде …

ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, проблеми со вентилацијата Read More »

Дете во Виетнам два дена заглавено во шахта, спасувачите не можат да стигнат до него


  Спасувачи во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробени длабоко во тесно окно на градилиште. Ли Хао Нам барал старо железо кога паднал во шуплината во окраината ДОнг Тап во новогодишната ноќ, јавија локални медиуми. Тимови спасувачи сега се борат да го ослободат и впумпуваат кислород во потпорен столб длабок 35 метри за …

Дете во Виетнам два дена заглавено во шахта, спасувачите не можат да стигнат до него Read More »

Наредена евакуација: Невреме во Калифорнија


Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат. Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени. Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја реки, а локалните власти наредија евакуација …

Наредена евакуација: Невреме во Калифорнија Read More »

Претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат


Во најголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне …

Претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат Read More »

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, …

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година Read More »

Во Битола првото бебе во новата година е чупе


Болница „Плодност“ информираше дека првото новородено бебе во болницата е девојче. Го имаме и првото новороденче во 2023 година, кое на свет дојде во 00.01 часот. Женско, со тежина од 3.360 грама и должина 50 сантиметри. Честитки до среќните родители. Вечерва очекуваме уште едно новороденче. Среќна и бериќетна нека ни е Новата 2023 година.

(Видео) Потона сплав во Белград


Вечерва на новогодишната прослава на сплавот „Фристајлер“ во Белград се случил инцидент, а на местото се испратени две екипи на итната помош, потврдија за порталот Нова.рс. Nakon odbrojavanja Freestyler je evakuisan pic.twitter.com/zqUFRszi06 — Kalabaster (@KalabasterJak) January 1, 2023 Како што пренесуваат дел од белградските медиуми, сплавот потонал, а гостите панично почнале да бегаат надвор. Само …

(Видео) Потона сплав во Белград Read More »

Прво, па машко во Новата 2023 година


Во Новата 2023 година, првото бебе е машко, родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Мајката е 22-годишната Стојанка Панајотова од Кочанско, Соколарци. Бебето е родено една минута по полноќ, со 3.720 родилна тежина и 51 сантиметри должина. Тоа е нејзино прво дете,  а од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и …

Прво, па машко во Новата 2023 година Read More »

Авионот кој полета во 2023 година, а слета во 2022 година


Временските зони секако можат да бидат збунувачки и веројатно ги збунија патниците на летот што патуваше од Сеул, Јужна Кореја до Сан Франциско, САД на Нова година, што значи дека од 2023 година се враќаше во 2022 година. Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба да слета во 17 …

Авионот кој полета во 2023 година, а слета во 2022 година Read More »