Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“.

За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава.

На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други.

Досега Град Скопје секогаш организирал прослава на градскиот плоштад на којшто во изминатите години настапија познати музички имиња од македонската и странската сцена.

Но, затоа пак, не изостана еуфоријата во првите минути од Новата година. Оние кои решија да заминат на плоштадот, извикуваа: „Среќна Нова година“ и си честитаа со најблиските. Имаше и огномет, кој ја развесели атмосферата, згусната и скриена од густата магла.

Макар и скормно и без организација, нека ни пристигне Новата година, на сите среќна, весела и полна радост.