Град Скопје го зголеми буџетот за мерни станици за загадување на воздухот


Иницијативата Зелен Хуман Град која ја сочинуваат голем број здруженија успеа да се избори за 5 круцијални проекти во Буџетот на Град Скопје за 2023 година.

Велат ги чека напорна работа претстојнава година со цел да се осигураат дека сѐ од прифатеното ќе се реализира!

За новиот Буџет 2023 се прифатени 5 амандмани што ЗХГ ги поднесе:

-10 милиони ден. за градски биокомпостари

– Зголемување од 2 милиони ден. на буџетот за спроведување Стратегиска оцена на влијание врз животна средина за ГУП 2022-2032

– 90.000 мкд за одржување 6 тематски јавни расправи за ГУП 2022-2032

– 3 милиони ден. за субвенции за резервна опрема и поправки на велосипеди (а не само за купување нови велосипеди)

– Зголемување од 5 милиони ден. на субвенциите за ЈП Лајка

Дополнително, од предлозите поднесени од ЗХГ годинава, Градот веќе работи на:

-22 милиони ден. за Сообраќајната студија за ГУП 2022-2032 се веќе одвоени

– Трета смена на Секторот инспекторат на Град Скопје е воспоставена со решение во ноември

Во споредба со минатата година, Градот Скопје го зголеми буџетот за мерни станици за загадување на воздухот на 3 милиони денари (од минатогодишните 1,7 милиони).

– Нашиот предлог за биокомпостарите беше прифатен и минатата година, но поради премалку финансии не се реализираше. Затоа оваа година шесткратно ја зголемивме сумата и очекуваме што побрза реализација. Долгогодишниот притисок на нашите членки за инвестирање во фотоволтаици конечно има некаков резултат и оваа година со кредит од Министерството за финансии ќе се реализира поставување на ФВ системи на објекти под надлежност на Град Скопје. Во тек се испитувања на објектите за да се утврди каде е најисплатливо да се постават системите во оваа прва фаза. Се очекува седум средни училишта и шест јавни установи да добијат ФВ системи во првата фаза, велат од ЗХГ.

Токму затоа Градот Скопје и институциите под негова надлежност мора да ја користат секоја прилика да генерираат заштеди и евентуално заработка – што ќе овозможи уште повеќе зелени инвестиции, децидни се овие активисти.