(Видео) Потона сплав во Белград


Вечерва на новогодишната прослава на сплавот „Фристајлер“ во Белград се случил инцидент, а на местото се испратени две екипи на итната помош, потврдија за порталот Нова.рс.

Како што пренесуваат дел од белградските медиуми, сплавот потонал, а гостите панично почнале да бегаат надвор.

Само неколку минути по полноќ, кога сплавот почнал да тоне, гостите биле евакуирани, јавуваат српските медиуми.

Има информации и дека имало пукање, но веројатно се работи за огномет.