Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година


На социјалната мрежа Твитер се појави видео, кое наводно е направено во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје по новогодишната ноќ.

Како што може да се забележи на видеото, низ ходниците се расфрлани различни отпадоци и има скршено стакло, а уништен е и еден хидрант.

– Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество, пишува „Маша“ на Твитер.