Извадено телото на жената која се фрли во Вардар на новогодишната ноќ


Денеска специјалците од полициската единица Тигри во реката Вардар го пронајдоа и извадија телото на жената што се фрли во реката кај Велес.

55-годишната жена која после полноќ на 31 декември се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес, а во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.

Од полицијата потврдуваат дека е извадено женско тело од реката Вардар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.