Прво, па машко во Новата 2023 година


Во Новата 2023 година, првото бебе е машко, родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Мајката е 22-годишната Стојанка Панајотова од Кочанско, Соколарци. Бебето е родено една минута по полноќ, со 3.720 родилна тежина и 51 сантиметри должина.

Тоа е нејзино прво дете,  а од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и среќно детство.

Двајцата се со добро здравје и се чувствуваат одлично.