Дете во Виетнам два дена заглавено во шахта, спасувачите не можат да стигнат до него


 

Спасувачи во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробени длабоко во тесно окно на градилиште. Ли Хао Нам барал старо железо кога паднал во шуплината во окраината ДОнг Тап во новогодишната ноќ, јавија локални медиуми.

Тимови спасувачи сега се борат да го ослободат и впумпуваат кислород во потпорен столб длабок 35 метри за момчето да може да дише. Го слушнале како повикува помош пред два дена, но не реагирал кога камера беше спуштена во понеделникот во дупката.

„Даваме се од себе. Уште не можеме да кажеме во каква состојба е момчето“, вели еден спасувач на градилиштето за АП.

Спасувачите се зачудени како некој воопшто можел да падне во таква дупка чиј дијаметар е само 25 см.

Тимови на итната помош се обиделе со дигалки и багери да ги подигнат деловите, но засега неуспешно. Исто така, го омекнале тлото околу столбот кога се обиделе да го ослободат, но така само тој се навалил што го закомплицира спасувањето, јави Ројтерс.