Отстранета последната барикада во северно Косово


Последната барикада во северно Косово е отстранета, објави српската национална телевизија РТС. Силите на мировната мисија на НАТО на Косово КФОР ги отстранија двата камиона што го блокираа патот Косовска Митровица – Рударе. На 29 декември почна отстранувањето на барикадите во северно Косово, при што косовските Срби отстранија поголем дел од барикадите, но останаа двата …

Отстранета последната барикада во северно Косово Read More »

Правењето снешко согорува 300 калории и ги зајакнува мускулите


 За да се направи снешко, потребно е да се потрошат околу 300 калории, според стручњакот-соработникот на Одделот за здравство во Москва, Андреј Тјажелников, кој го препорачува тоа за слабеење, а и за зајакнување на мускулите. – Долгата и снежна зима има свои традиции. Правењето снешко е една од нив. Овие занимливи потфати се прикажани дури …

Правењето снешко согорува 300 калории и ги зајакнува мускулите Read More »

Германија се приближува до радикално ограничување на брзината во градовите


Иницијативата во градските центри, брзината на возење да се ограничи на 30 км/ч, чии соосновачи се градовите Аугсбург, Улм и Фрајбург, наидоа на се повеќе приврзаници во Германија. Во просек, една општина се вклучува во проектот секој работен ден, јавија од иницијативата „Градови погодни за живот“, а пренесе Зидојче цајтунг. Вкупно се придружија повеќе од …

Германија се приближува до радикално ограничување на брзината во градовите Read More »

Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории граѓани ќе се изврши на 12 јануари


Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01 2023 година.   Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 5-ти јануари 2023 година и тоа: На веб страната на Министерството за труд и социјална политика  (корисници  …

Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории граѓани ќе се изврши на 12 јануари Read More »

Грција бара паневропски мерки за справување со недостигот од лекови


Грчкиот министер за здравство, Танос Плеурис, ја повика Европската комисија да преземе мерки за надминување на недостигот од лекови, пишува весникот „Катимерини“. Според соопштението на грчкото Министерство за здравство, Плеврис вчера испратил писмо до европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, во кое повикува на „централна политика на ниво на Европската унија“ за проблемот со недостигот …

Грција бара паневропски мерки за справување со недостигот од лекови Read More »

Заради скинати цевки во котелот, Блок 1 на РЕК „Битола“ утрово исклучен од мрежа


  Блок 1 на РЕК „Битола“ утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од ЕСМ. „На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – …

Заради скинати цевки во котелот, Блок 1 на РЕК „Битола“ утрово исклучен од мрежа Read More »

Зимските топлотни рекорди соборени ширум Европа


  Температурите на воздухот на почетокот на јануари се на рекорден максимум во бројни земји ширум Европа, а во осум држави соборени се националните рекорди. Во лгавниот град на полска, Варшава, во неделата е измерена температура од 18,9 степени Целзиуосви, додека во Билбао, Шпанија, живата во термометарот „скокна“ на 25,1 степен, што е дури 10 …

Зимските топлотни рекорди соборени ширум Европа Read More »

Последниот астронаут на првата мисија „Аполо“, Волтер Канингем почина на 90 години


Волтер Канингем, последниот од тројцата астронаути во првата мисија со екипаж од програмата „Аполо“, почина вчера на 90-годишна возраст, јави американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА. – Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач, но најмногу од сè – беше истражувач. На „Аполо 7“, првата „Аполо“-мисија со екипаж, Волт и неговите колеги од екипажот …

Последниот астронаут на првата мисија „Аполо“, Волтер Канингем почина на 90 години Read More »

Финскиот министер за одбрана Каиконен зеде двомесечно породилно отсуство


Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен заминува на двомесечно породилно отсуство за да биде со својот шестмесечен син, а за привремен министер утре ќе биде именуван Мико Савола, објави финската Влада. Каиконен, исто така, зеде двомесечно породилно отсуство во 2020 година по раѓањето на неговиот постар син, со што стана првиот машки министер што заминал на породилно …

Финскиот министер за одбрана Каиконен зеде двомесечно породилно отсуство Read More »

Ле Мер: Енергетските компании да направат повеќе за да им помогнат на пекарите


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека енергетските компании не прават доволно за да им помогнат на пекарите во земјата да се справат со зголемените сметки за струја.   Ле Мер, кој подоцна во текот на денот ќе се сретне со претставници на енергетските компании во земјата за да разговараат за ова …

Ле Мер: Енергетските компании да направат повеќе за да им помогнат на пекарите Read More »

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина нема да влијае на Европа


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) соопшти дека порастот на бројот на случаи на коронавирус во Кина не се очекува да има влијание врз епидемиолошката ситуација во Европа. – Варијантите што циркулираат во Кина веќе циркулираат во ЕУ и како такви не претставуваат предизвик за имунолошкиот одговор на граѓаните на Европската унија …

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина нема да влијае на Европа Read More »

Воздухот во Босна и Херцеговина и Црна Гора и денес е многу загаден


Сараево и денес е најзагаден град во ФБиХ со индекс на квалитет на воздухот 229 и е окарактеризиран како многу нездрав, покажуваат податоците на порталот „Зрак екоакција“. Според истите податоци, утринава нездрав е воздухот и во Зеница, со индекс на квалитет 166, во Високо 161 и во Какањ 160, додека во Тузла воздухот е нездрав …

Воздухот во Босна и Херцеговина и Црна Гора и денес е многу загаден Read More »

Американската полиција на готовс пред годишнината од упадот во Капитол


 Американската полиција денеска соопшти дека е во состојба на готовност поради евентуални напади на Капитол. Соопштението е објавено во пресрет на втората годишнина од насилниот упад во американскиот Конгрес и по распуштањето на комисијата што го истражуваше.   – Сегашната клима за закана, особено против избраните функционери, ќе бара континуирана и зголемена будност. При состојба …

Американската полиција на готовс пред годишнината од упадот во Капитол Read More »

Ни Берово нема чист воздух – ИЈЗ со порака до граѓаните да останат дома


Институтот за јавно здравје им препорачува на граѓаните на Берово, Гостивар и на Тетово дека воздухот таму е екстремно лош поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Како многу лош се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево поради зголемените концентрации на ПM 10-честички, а во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Во Скопје …

Ни Берово нема чист воздух – ИЈЗ со порака до граѓаните да останат дома Read More »

Уште 65 училишта се пријавиле за субвенционирана струја, вкупно 374


  Од 1 јануари 2023г ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022г.  За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно …

Уште 65 училишта се пријавиле за субвенционирана струја, вкупно 374 Read More »

Лоши вести за учесниците пред почетокот на Светското во ракомет


  Меѓународната ракометна организација ИХФ одлучи на претстојното Светско првенство да воведе строги ковид-протоколи. Како што се наведува, сите играчи и членови на стручните штабови на селекциите ќе мора да се тестираат пред почетокот на турнирот, на почетокот од втората фаза и пред четвртфиналето. Доколку некој биде позитивен ќе му биде одреден петдневен карантин, а …

Лоши вести за учесниците пред почетокот на Светското во ракомет Read More »

Нејмар нема да присуствува на погребот на Пеле, јавноста бесна


  Ѕвездата на бразилската репрезентација и на француски ПСЖ, Нејмар, имаше посебна врска со Пеле, но нема да присуствува на неговиот пограб што ќе се одржи денеска, и затоа заработи мноштво критики во татковината. Додека некои медиуми тврдеа дека Нејмар ќе биде присутен во Бразил на погребот на пеле, ѕвездата на ПСЖ во понеделникот се …

Нејмар нема да присуствува на погребот на Пеле, јавноста бесна Read More »

Борис Бекер најде работа по излегувањето од затвор


  Легендарниот германски тенисер Борис Бекер го пронајде своето прво вработување откако излезе од затвор. „Билд“ пишува дека Бекер ќе се врати на коментирањето тениски мечеви, и ќе биде дел од тимот на „Јуроспорт“ за Австралија опен. Бекер од 2017 година, по разделувањето од Новак Ѓоковиќ кому му беше тренер, работеше за оваа куќа. Но, …

Борис Бекер најде работа по излегувањето од затвор Read More »

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари


– Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68  отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и …

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари Read More »

На сплавот во Белград имало 700 луѓе, а регистриран е за 220


  Белградскиот сплав „Фристајлер“, почна да тоне во новогодишната ноќ, неколку минути по полно. Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот кога водата почнала да навлегува во сплавот, на него се наоѓале повеќе од 700 луѓе. Исто така, тие пренесуваат дека бил регистриран за 220 луѓе. Комплетната документација е потопена, а неупотреблив е и видео-надзорот. …

На сплавот во Белград имало 700 луѓе, а регистриран е за 220 Read More »