На сплавот во Белград имало 700 луѓе, а регистриран е за 220


 

Белградскиот сплав „Фристајлер“, почна да тоне во новогодишната ноќ, неколку минути по полно.

Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот кога водата почнала да навлегува во сплавот, на него се наоѓале повеќе од 700 луѓе. Исто така, тие пренесуваат дека бил регистриран за 220 луѓе.

Комплетната документација е потопена, а неупотреблив е и видео-надзорот. Се завршило под вода, дознава „Блиц“.

Властите ќе извршат вештачење, за да се утврди причината за потонување на сплавот.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, бее гостин во „Утро“ на ТВ Прва, каде зборуваше за инцидентот.

Шапиќ рече дека огранучувањето на сплавовите кои лебдат на вода е 220, а за сплавовите кои мируваат има други правила.

„Среќен сум што никој не е повреден. Протестираа кога се обидов да внесам промени. На диво се приклучуваа за вода и струја. Во октомври прв пат донесовме одлука како треба да изгледа сплав за да може да работи, како и ова сега што веат дека бил регистриран за 220 луше. Не, беше регистритан како како плутачки објект и треба да формираме комисија како ќе се третираат тие објекти. Ова за 220 луѓе важи за оние кои плутаат, пловат, а не за тие што стојат“, појаснува Шапиќ.