Зимските топлотни рекорди соборени ширум Европа


 

Температурите на воздухот на почетокот на јануари се на рекорден максимум во бројни земји ширум Европа, а во осум држави соборени се националните рекорди.

Во лгавниот град на полска, Варшава, во неделата е измерена температура од 18,9 степени Целзиуосви, додека во Билбао, Шпанија, живата во термометарот „скокна“ на 25,1 степен, што е дури 10 степени над просекот, прнесе Би-би-си.

Благото зимско време во Европа се поклопи со силниот леден бран проследен со бура кој со снег и мраз ја окова Северна Америка и однесе повеќе од 60 животи.

Истовремено, на европската страна на Атлантикот времето на почетокот на новата година беше пријатно во многу места.

Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Латвија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди, а во Германија, Франција и Украина соборени се рекорди на мерните станици.

Во Швајцарија температурите достигнаа 20 степени Целзиусови, а топлото време ја загрози сезоната на скијање ширум Алпите.

Во Европа сепак не е секаде топло, затоа што во делови на Скандинавија метеоролозите најавуваат студени денови со ниски температури и снег, а се очекува во Москва, следниот викенд, температурата да падне на -20 степени Целзиусови.