Нејмар нема да присуствува на погребот на Пеле, јавноста бесна


 

Ѕвездата на бразилската репрезентација и на француски ПСЖ, Нејмар, имаше посебна врска со Пеле, но нема да присуствува на неговиот пограб што ќе се одржи денеска, и затоа заработи мноштво критики во татковината.

Додека некои медиуми тврдеа дека Нејмар ќе биде присутен во Бразил на погребот на пеле, ѕвездата на ПСЖ во понеделникот се појави на тренинг на својот клуб, а неговиот татко Нејмар постариот беше тој кој отпатува за Сантос да се прости од трикратниот првак на светот, истакнувајќи дека туак е во негово име.

Нејмар веднаш се најде на удар на медиумите и навивачите кои не го разбираат неговото отсуство на толку важен настан за целиот Бразил.

„Да сакаше Нејмар навистина да дојде, ПСЖ сигурно ќе го пуштеше. Многу лесно можеше да изврши притисок на ПСЖ да дојде овде. Веќе неколку пати го притискаше клубот да доаѓа на забави, зошто не би ги замолил да му допуштат да се прости од Пеле? Мислам дека Нејмар, како брзилски играч, имаше обврска да дојде и да се прости од Пеле. Тпа беше важно за целиот бразилски фудбал“, објасни водителот Хозе Луис Датена во текот на својата емисија „Бразил ургенте“.

Ковчегот со легендарниот Бразилец Пеле, вчера стигна на стадионот Сантос и откако беше јавно изложен во центарот на теренот, бројни навивачи на овој клуб тргнаа да се простат со Пеле, кој беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Планирано е навивачите да можат да поминат крај ковчегот на оддалеченост од 5 метри и тоа 24 часа. Последното испраќање е денеска, кога погребната поворка ќе помине низ населбата во која уште живее 100-годишната мајка на Пеле.