Воздухот во Босна и Херцеговина и Црна Гора и денес е многу загаден


Сараево и денес е најзагаден град во ФБиХ со индекс на квалитет на воздухот 229 и е окарактеризиран како многу нездрав, покажуваат податоците на порталот „Зрак екоакција“. Според истите податоци, утринава нездрав е воздухот и во Зеница, со индекс на квалитет 166, во Високо 161 и во Какањ 160, додека во Тузла воздухот е нездрав за чувствителните категории, а индексот на квалитет е 119.

Според податоците на порталот на Агенцијата за заштита на животната средина, концентрацијата на штетните ПМ честички во три црногорски градови денес е над дозволеното – во Плевља 193 PM10 μg/m3, потоа Никшиќ со 97 PM 10 μg/m3, потоа Бијело Поље 81,4. PM10 μg/m3.

Претходно денес во 11 часот во Подгорица концентрацијата на ПМ честичките беше 68 μg/m3. Според Агенцијата, сите вредности над 50 μg/m3 се сметаат за висока концентрација, додека концентрациите од 100 до 180 μg/m3 се многу високи.