Борис Бекер најде работа по излегувањето од затвор


 

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер го пронајде своето прво вработување откако излезе од затвор.

„Билд“ пишува дека Бекер ќе се врати на коментирањето тениски мечеви, и ќе биде дел од тимот на „Јуроспорт“ за Австралија опен.

Бекер од 2017 година, по разделувањето од Новак Ѓоковиќ кому му беше тренер, работеше за оваа куќа. Но, ангажманот беше прекинат кога беше осуден за затајување данок.

Овојпат разликата ќе биде дамо во тоа што Бекер ќе работи од Минхен, односно нема да патува во Мелбурн.

За потсетување, Бекер беше зад решетки откако беше прогласен за виновен за 25 од 29 точки од обвинението и сам призна дека е виновен за затајување данок.

Помина осум месеци во затвор.