Ле Мер: Енергетските компании да направат повеќе за да им помогнат на пекарите


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека енергетските компании не прават доволно за да им помогнат на пекарите во земјата да се справат со зголемените сметки за струја.

 
Ле Мер, кој подоцна во текот на денот ќе се сретне со претставници на енергетските компании во земјата за да разговараат за ова прашање, предупреди дека владата има „инструменти за да ги принуди снабдувачите со енергија да ги исполнат своите обврски кон државата и компаниите“.
 
Сепак, тој не кажа какви би можеле да бидат тие инструменти, ниту пак ги наведе компаниите на кои цели.
 
„Државата никого нема да изневери. Државата нема да ги изневери своите пекари“, рече Ле Мер на прес-конференција. Тој додаде дека државата го прави својот дел за да им помогне на пекарите и дека компаниите мора да го направат својот дел.
 
Ле Мер, исто така, рече дека државата ќе испрати писмо до 33.000 пекари за да им ја објасни постојната и идната помош што може да ја очекуваат.