Лоши вести за учесниците пред почетокот на Светското во ракомет


 

Меѓународната ракометна организација ИХФ одлучи на претстојното Светско првенство да воведе строги ковид-протоколи.

Како што се наведува, сите играчи и членови на стручните штабови на селекциите ќе мора да се тестираат пред почетокот на турнирот, на почетокот од втората фаза и пред четвртфиналето.

Доколку некој биде позитивен ќе му биде одреден петдневен карантин, а за да се врати во тимот ќе мора да приложи негативен тест.

Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари во Полска и Шведска.

Македонија за противници во Групата Г ги има Норвешка, Холандија и Аргентина, а првиот натпревар го игра на 13 јануари против Норвешка. Во втората фаза на мундијалот нема да настапи само последнопласираната селекција.