Аргентинската влада забрани пристап на новинарите во претседателската палата


Владата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи им забрани пристап на новинарите до претседателската палата „Каса Росада“.

Секретарот за комуникации, Хавиер Линари, изјави дека одлуката се темели врз пријава од органите задолжени за безбедноста на претседателот и владината резиденција.

„Одлуката е донесена како превентивна мерка по пријава од ‘Каса Милитар’ за незаконско шпионирање“, напиша тој на платформата „Икс“.

Се смета дека пријавата е поврзана со двајца телевизиски новинари, кои снимале во делови од палатата каде пристапот е забранет.

Претседателот Милеи во статус на платформата „Икс“ ги нарече новинарите „одвратни ѓубриња“.