САД до 30 септември ќе ги повлечат сите војници од Ирак


Соединетите Американски Држави планираат до 30 септември да ги повлечат сите свои војници од Ирак, со што ќе биде ставен крај на американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин. Ирачкиот премиер, Али ел Заиди, денеска се сретнал со адмиралот Бред Купер, командант на […]

Медиуми во САД го тужат Трамп


Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на […]

Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово


На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина […]

Дел од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ денеска без вода поради дефект


Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето […]

Рибакина против Швјонтек во финалето на турнирот во Торонто


Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, […]

Путин за првпат ги посети Курилските Острови


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде вчера присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, […]

Големи пожари во Албанија, претседателот Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите


Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”,  кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана  приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на […]

Иран спротивно тврдењата на Трамп: Ормуската Теснина останува блокирана


Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот […]

Зеленски бара од САД да купи пет отсто од американските залихи на ракетите за системите „Патриот“


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден […]

„Охридско лето“ со нова програмска целина: Шест џез концерти од 13 до 16 август


Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на […]

Британски возач, со брзина од 654 километри на час постави нов светски рекорд во САД


Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, […]

Трамп објави заминување на портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти својата позиција на крајот на август и додаде дека таа ќе остане „влијателен глас“ во рамките на Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември. Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека Ливит одлучила да ја напушти […]

Свечена седница по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор


Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.   На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на […]

Дел од општина Центар денеска без вода


Корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на улица „Мирослав Крлежа“ бб. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура од 37 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено […]

ПСЖ ја победи Астон Вила во Суперкупот на УЕФА


ПСЖ ја победи Астон Вила со 2:1 во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот се одигра вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург. Хвича Кварацхелија им донесе водство на парижаните во 20. минута. Брајан Маџо постигна гол за тимот од Бирмингем кон крајот на првото полувреме. Седумнаесетгодишниот напаѓач стана најмладиот стрелец во историјата на Суперкупот на УЕФА.  […]

Далиќ назначен за селектор на репрезентацијата на ОАЕ


Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. – Фудбалската федерација на ОАЕ објави дека потпишала договор со хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој ќе ја води сениорската репрезентација, заменувајќи го Романецот Космин Олароиу, се вели во соопштението. Далиќ претходно работеше во фудбалот на ОАЕ, […]

Чави нов селектор на Холандија


Чави е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Холандија, објави прес-службата на Холандска фудбалска асоцијација (KNVB). Договорот е со важност до 2030 година. Чави на селекторското место го наследува Роналд Куман, кој поднесе оставка на 1 јули.  На 30 јуни, Холандија загуби од Мароко (1:1, 2:3 на пенали) во 1/16финалето од Светското првенство 2026 […]

Пожар од големи размери во селото Дајас во близина на Тирана


Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина. -Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се […]

Пожарникари ќе дежураат цела ноќ за да го заштитат селото Габер и околните населени места


Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на […]