Караванот „Силно светнал ден“ на 16 август пристига во Крушево
Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност на Македонија, после три града и илјадници посетители, на 16 август пристигнува во Крушево на плато Гумење.
„Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении“, велат од „Авалон“.