Москва ја забележа една од најстудените ноќи ова лето
Москва – Минатата ноќ била една од најстудените во Москва од почетокот на летото, со температура што се спуштила до 9,7 степени Целзиусови, соопшти Михаил Леус, водечки специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“.
„Со делумно облачно небо и студени воздушни маси што продолжија да се движат кон централниот дел на европска Русија, ноќта во руската престолнина беше една од најстудените од почетокот на летото“, напиша Леус на својот канал на „Телеграм“.
Според податоците од градската метеоролошка станица, минималната температура од 9,7 степени била најниска измерена во јули и август.
Леус најави дека ниту претстојната ноќ нема да биде значително потопла.
Москва од јуни беше зафатена од неколку топлотни бранови, а последниот интензивен топлотен бран беше забележан кон крајот на првата декада од август, кога дневните температури достигнуваа до 32-33 степени Целзиусови, поради што беше издаден и портокалов метеоаларм.
Минатиот месец беше најтопол јули во Русија од почетокот на редовните метеоролошки мерења во 1891 година. а