Македонија под метеоаларм за невреме освен северниот дел
Услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска.
Според објавената мапа, појасот од Маврово, преку тетово, Скопје, до Крива Паланка е мирен, но сите други области се во ризик од невреме.

Вчера, источниот дел на иакедонија, до крајниот југ беше зафатена со повремени дождови и некаде невреме. Така, во Кочани од силниот дожд, од шафтите извираше вода, а во Штип, силниот ветар оддува покриви.
Времето во следните денови: Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, прогнозира УХМР.

Времето утре пак, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
