Истанбул повторно ги поврзува Азија и Европа со 38. издание на Трката во пливање преку Босфор
Истанбул на 23 август ќе биде домаќин на Трката во пливање преку Босфор, која се одржува по 38. пат и е единствениот меѓуконтинентален натпревар во пливање на отворени води во светот. На патеката долга околу 6,5 километри, од Канлиџа на азискиот до Куручешме на европскиот брег, ќе се натпреваруваат 2.500 локални и меѓународни пливачи од 78 земји и пет континенти.
Призната од Светската асоцијација за пливање на отворени води како „Најдобар настан во пливање на отворени води во светот“, трката е уникатен спортски предизвик, но и несекојдневно искуство кое на учесниците им овозможува да пливаат од Азија до Европа, со спектакуларен поглед кон Босфорот и панорамата на Истанбул. Пливачите ќе се соочат со силните струи на Босфорот и ќе ги тестираат своите физички и ментални граници, додека гледачите ќе имаат можност да проследат атрактивен спортски спектакл.

Трката во пливање преку Босфор е дел од годинашнава богата спортска програма на Истанбул, која го потврдува статусот на градот како една од водечките дестинации за меѓународни спортски настани. По финалето на УЕФА Лигата на Европа во мај, градот во август и септември ќе биде домаќин на Европското првенство во одбојка за жени 2026. Во септември ќе се одржат и велосипедската трка „Тур на Истанбул“ и „Етапа Туркије“ во рамки на Тур де Франс, а во октомври и ноември ќе следува Претседателската меѓународна јахтинг-трка. Сите овие настани ќе привлечат врвни спортисти и љубители на спортот од целиот свет.
Богатата спортска понуда се вклопува во глобалниот тренд на забрзан раст на спортскиот туризам, кој сè повеќе влијае врз изборот на дестинација. Сè поголем број патници своите патувања ги поврзуваат со спортски настани и активни искуства, а податоците од туристичкиот сектор говорат дека резервациите за спортски активности во минатата година се зголемиле за речиси 37 проценти, потврдувајќи го растечкиот интерес за патувања поврзани со спортот.
Покрај спортските настани, Истанбул продолжува да привлекува посетители и со своето историско наследство, динамичниот живот, познатата гастрономија, богатата културна и уметничка сцена и уникатните погледи кон Босфорот. Од Света Софија, палатата Топкапи и Базиликата Цистерна, до современите уметнички простори и можностите за шопинг, градот нуди уникатен спој на историја и современ урбан живот. Со аеродромите ИГА Истанбул и Сабиха Ѓокчен, Истанбул има одлична меѓународна поврзаност, додека современата инфраструктура, хотелските капацитети и долгогодишното искуство во организација на големи меѓународни настани дополнително ја зацврстуваат неговата позиција како глобална дестинација за спортскиот и туристичкиот сектор.
Богатата спортска програма ќе продолжи и во наредниот период, со нови големи меѓународни настани за кои Истанбул веќе се подготвува, меѓу кои Турското Гран При во Формула 1 во 2027 година и четвртите Европски игри, голем мултиспортски настан што ќе се одржи во јуни идната година, со програма од 26 спортови.
(Комерцијален текст)