„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје


Во „Ragusa 360 Rooftop“ во Скопје вечер ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, манифестација што ги обединува виното, гастрономијата, музиката и стилот во уникатно доживување за посетителите. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат претставени повеќе од 200 вина од домашни и странски винарии, меѓу кои бели, розе и црвени […]

Омаж за филмскиот педагог Стефан Сидовски Сидо


 Во Кинотеката на Македонија вечер ќе се одржи омаж за Стефан Сидовски Сидо, еден од најзначајните автори на македонскиот аматерски филм, филмски педагог. Како што посочуваат од Кинотека, филмовите на Сидо се препознатливи по својата интелектуална провокативност, сатиричен пристап и филозофски идеи, преку кои отвораат прашања за човекот, моќта, технологијата и современиот свет. Неговото творештво […]

ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање


Стразбур – Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи […]

На „Ќафасан“ одбиен влез во Албанија за сопатник на двајца пратеници и функционер од Влен


По едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското Собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи од владејачката партија Влен, но и заменик-генералниот секретар во Владата, Хасим Муртезани, пренесе 360 Степени. По овој настан, координаторот на Влен, Ќоку […]

Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија


Филозофскиот факултет Скопје ја известува академската и пошироката јавност дека почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, син  на основоположникот на Македонската филхармонија – композиторот Тодор Скаловски. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на […]

На Инфективна e хоспитализиран пациент заразен со маларија


На Инфективната клиника во Скопје е потврден случај на маларија. Станува збор за пациент кој патувал во Занзибар. Тој пројавил симптоми на висока температура и имал треска, по што веднаш се јавил на клиниката каде е задржан на болничко лекување. Директор на Клиниката за инфективни болести,  Фадил Цана вели дека кај пациентот потврдена е маларија. […]

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Зверев и Фери во полуфинале на Вимблдон


Лондон– Британецот Артур Фери и Германецот Александер Зверев ќе играат во полуфиналето на грен слем турнирот во Вимблдон. Дваесетитригодишниот Фери, 114. на АТП ранг-листата, го постигна најголемиот успех во кариерата победувајќи, совладувајќи го синоќа финалистот на Ролан Гарос, Италијанецот Флавио Коболи, со 6-4, 7-6 (4), 6-0. Фери стана првиот тенисер со вајлд-карта кој дојде до […]

ММФ очекува раст на светската економија од три отсто во 2026 и 3,4 отсто во 2027 година


Вашингтон – Глобалната економија ќе порасне за три отсто во 2026 година и за 3,4 отсто во 2027 година, се наведува во денеска објавените ажурирани Светски економски изгледи (WEO) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Новата кумулативна прогноза за следните две години е речиси непроменета во споредба со проекциите од Светските економски изгледи од април 2026 […]

Без вода и струја повеќе улици во Скопје


Без вода денес од 8:30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, а во периодот од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 9 јули 2026 година, 190-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  175 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 7 минути, а ќе зајде во 20 часот и 11 минути. Денов трае 15 часа и 4 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 16 […]

На две места во Аеродром и на „Рузвелтова“, казнети граѓани што вечерва исфрлале шут покрај зграда


Вечерва, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град. Сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог во текот на утрешниот […]

„Нинтендo“ ќе престане да продава оригинални Switch конзоли во Европа


Nintendo ја прекинува продажбата на оригиналниот Switch во Европа поради новите европски правила, подготвувајќи го Switch 2 со отстранлива батерија Nintendo ќе престане да ја продава оригиналната Switch конзола, заедно со Switch Lite и Switch – OLED модел, во Европа и на некои други пазари почнувајќи од февруари 2027 година. Одлуката доаѓа непосредно пред 10-годишнината […]

Нов топлотен бран доаѓа во Европа. Температурите на Балканот некаде ќе надминат и 40 степени


  Европа влегува во нов период на екстремна топлина. Топлинскиот бран што веќе го зафати југозападниот дел од континентот постепено ќе се шири кон север и исток оваа недела, а потоа кон централна Европа, Италија и Балканот, пишува Severe Weather Europe. Според моменталните прогнози, над западна и југозападна Европа остана силна област со висок притисок. […]

Тврдењата дека Русија ја загубила војната се „опасни и неточни“, вели украинскиот амбасадор во Лондон, Валериј Залужни


  Западните воени експерти и политичари неодамна почнаа претпазливо да тврдат дека Украина се чини дека почнала да ја презема иницијативата во војната – ако не директно на бојното поле, тогаш во динамиката на конфликтот. Тие го сметаат зголемениот притисок врз Русија за неопходен услов за да ја убедат да преговара за мировен договор. Некои […]

Филипче ги повика луѓето од Платформата на дебата во СДСМ. Не се планираат исклучувања од партијата


         Претседателот на СДСМ вечерва во интервју за Сител изјави дека не се планира исклучувања од партијата на луѓето што беа на затворената средба за реформи на партијата и ги повика таа дебата да се води внатре во партијата. Венко Филипче рече дека Платформата што се промовира надвор од СДСМ најмногу потсетува […]

Баровите повторно стануваат место за доживување: Tематските вечери го спасуваат ноќниот живот


Гостите денес не бараат само добар пијалак, туку целосно искуство. Тематските вечери, интерактивните концепти и забавните формати повторно ги полнат баровите ширум светот, пишува CafeBar&Restoran. Во услови кога младите генерации консумираат помалку алкохол, баровите сè повеќе инвестираат во програми што создаваат причина за излегување. Квизови, тематски коктел-вечери, музички концепти и интерактивни настани стануваат новото лице […]

Отворање на самостојната изложба „Огледало на срцето одек на чувствата“ на Чепишева во галеријата „Остен“


Самостојната изложба „Огледало на срцето одек на чувствата“, замислена како мултимедијален проект на наградуваната уметница Марија Чепишева, ќе биде отворена во четврток (9 јули) во 20 часот, во галеријата „Остен“ во ценатарот на Скопје, а ќе може да ја посетите секој ден до крајот на јули. Визуелно, звучно, сетилно и емотивно патување низ различните форми […]

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година


Женева– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на нови дијагностицирани случаи на рак ширум светот секоја година би можел да порасне на 35 милиони, од 20,6 милиони во 2024 година, доколку земјите не преземат итни мерки. Глобалниот извештај на СЗО за состојбата со ракот за 2026 година наведува дека 92 отсто од светската […]

ФИФА одбива да го поништи жолтиот картон на француската ѕвезда


Милел Олиз ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство против Мароко под закана од суспензија. Француската фудбалска федерација побара од ФИФА да го поништи жолтиот картон што го доби во судиското продолжение против Парагвај, но жалбата беше одбиена. Доколку добие уште еден жолт картон, ќе го пропушти евентуалното полуфинале. За Франција, тоа е дополнителна загриженост […]