Во Струмица, 21-годишник обљубил 12-годишно девојче


СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето С.Ф.(21) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,силување на дете кое не наполнило 15 години“. Имено, 21-годишникот, на 24.06.2026, во петокот, извршил обљуба врз 12 – годишно девојче.

Дата-центрите би се отворале во ТИР-зоните, но без негативен ефект врз животната средина


Во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), како браунфилд инвестиции се размислува да се отворат дата-центри, кои не смеат да влијаат негативно на околината, најави денеска, министерот за дигитална трансформација, одговарајќи на новинарско прашање, на прес-конференцијата за дигитализирање на услугите од областа на земјоделството. – Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се […]

Едносменска настава за учениците од VI до IX одделение во ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на […]

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица


Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната […]

Десетта фаза прскање против комарци во Скопје по порастот на случаи од западнонилска треска


Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град, опфаќајки аерсолна и теристичка заштита. Оваа акција доаѓа во период кога во Македонија се потврдени осум случаи на западнонилска треска, а вирусот се шири низ Европа и регионот, каде во соседна Грција се регистрирани четири смртни случаи кај постари лица. […]

Светските диџеи Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд со настап во Струмица по повод 35 години независност


Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје!, соопштија организаторите, Владата […]

За 109 милиони евра Штип би добил современ регионален здравствен центар


Целосно завршување и комплетирање на болничкиот комплекс во Штип, најави денеска министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, кој заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот.   Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 […]

Во половина час два послаби земјотреси во Албанија – почувствувани и во Струга


Два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,8 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се денеска во Албанија, а потресот го сттија и стружани.  Првиот земјотрес се случи во 11.14 часот, со епицентар на 21 километар од Елбасан, а вториот во 11.50 часот, на 22 км од Елбасан.  Двата земјотреса биле почувствувани и во Охридско-струшкото подрачје. […]

Две лица и фирма кривично пријавени за даночно затајување и штета на Буџетот од 12,6 милиони денари


Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н.О., државјанин на Република Турција и реален […]

Никако да се добијат три добри последователни анализи на водата за пиење во Гостивар


Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип  министерот за здравство, Сашо Клековски. ​-Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на […]

Опра Винфри ја затвора својата Академија за девојки во Јужна Африка за да „допре до повеќе млади жени“ со стипендии


Академијата во Јужна Африка што Опра Винфри ја отвори пред речиси две децении ќе се затвори и ќе ги префрли своите операции назад на локалните службеници, додека Винфри се фокусира на „проширена“ програма за стипендии за девојки таму, објави таа оваа недела. „Сонот никогаш не беше едноставно да се изгради училиште. Беше да се инвестира […]

На uslugi.gov.mk компаниите можат да добијат Уверение за квалитет на своите производи


Неколку документи, кои на земјоделските и преработувачките компании им се потребни за продажба на своите производи во државата, но и за извоз, отсега се достапни на порталот uslugi.gov.mk, со што се скратува процедурата и се намалува времето за нивно добивање.  – Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со дигитализација и модернизација на своите услуги со цел […]

Меѓународната агенција за енергетика: Критичните минерали се основа на економската безбедност


Отпорните синџири за снабдување со критични минерали стануваат предуслов за економска стабилност и индустриски развој, се наведува во најновиот извештај „Глобални перспективи за критични минерали 2026“ на Меѓународната агенција за енергетика. Во услови кога многу држави ги забрзуваат инвестициите во сопствените минерални ресурси, Македонија сè уште не ги користи целосно своите потенцијали. Геолошките истражувања укажуваат […]

Кои онлајн индустрии растат најбрзо во Југоисточна Европа


  Дигиталната економија на Балканот во изминатата деценија престана да биде онаа што пристигнува. Регионот, кој до неодамна се доживуваше како периферија на европскиот пазар, денес гради сопствени центри на знаење — од развој на софтвер до финансиски услуги. Се менува и структурата на потрошувачката: жителите на Скопје, Софија или Загреб купуваат, плаќаат и се […]

Општина Илинден додели 70 хуманитарни пакети по повод патронатот


Во пресрет на големиот христијански празник Илинден – 2 Август и патрониот празник на Општината, Општина Илинден реализираше значајна хуманитарна акција, насочена кон обезбедување прехранбени и хигиенски производи за социјално ранливите семејства и граѓани. Акцијата, организирана во духот на солидарноста и заедничката грижа, под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше успешно спроведена во […]

„Алкалоид“ со раст на консолидираната добивка од 4 отсто, консолидирани продажби од 168 милиони евра и инвестиции од 13,6 милиони евра во периодот јануари – јуни 2026 г.


   Водечката фармацевтска компанија во Македонија, „Алкалоид“ АД Скопје, го продолжува трендот на одлични деловни резултати и во првото полугодие од годинава, кога оствари раст на консолидираната добивка од 4 отсто, со консолидирани продажби од 168 милиони евра и инвестиции од 13,6 милиони евра. Во продолжение е интегралнот соопштение на „Алкалоид“ за работењето во првата […]

„Персеполис“ на Марџан Сатрапи објавен на македонски јазик- прв ирански стрип уникатен по својот ликовен и пишан израз


За првпат на македонски јазик е објавено интегралното издание на графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи, во превод на македонски јазик на Владо Ефтимов. Во ова дело таа го претвора личното сеќавање во политичко сведоштво, осветлувајќи ја вистината за репресијата, прогонството, созревањето и отпорот преку искреност, духовитост и човечност. „Персеполис“ (2000 – 2003) на Сатрапи […]

Не сакаше да биде во владата, па сега Арбен Фетаи ќе ја претставува во Брисел


  Премиерот Христијан Мицкоски го оствари она што го најави пред неколку месеци – Владата го именува поранешниот вицепремиер, Арбен Фетаи, за нејзин претставник во Европската унија. Фета, всушност, живее во Брисел и на местото на местото вицепремиер дојде по покана на тогашната коалиција „Вреди“ и крилото на Арбен Таравари. Одлуката на Владата ја објави […]

Ирскиот музичар, добитник на Оскар, Глен Хансард загина на мотор на 56 години


Даблин – Ирскиот музичар Глен Хансард, водечкиот пејач на рок-групата The Frames, кантавтор и актер, добитник на Оскар, почина рано наутро во среда во сообраќајна несреќа со мотоцикл во Даблин, на 56-годишна возраст. Веста ја објавија неговите менаџери. Хансард освои Оскар во 2008 година за најдобра оригинална песна за независниот филм „Еднаш“. Неговата смрт ја […]

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30


 Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија. Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скал,а што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без […]