Државната ревизија откри неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви


Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива. Во ревизорскиот извештај се наведува дека е изразено мислење без резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење […]

Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле, вели Левица


Левица преку соопштение реагираше по најновите информации од Основното јавно обвинителство – Гостивар за случајот со загадената вода за пиење, оценувајќи дека наодите покажуваат сериозен институционален пропуст и барајќи истрагата да ги опфати сите одговорни. Од партијата тврдат дека, според информациите од обвинителството, во водоснабдителниот систем со пумпи била внесувана силно загадена површинска вода од […]

Ѓорѓиевски нѐ теши, во 2030 ќе почне чистењето на Вардар во Скопје


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, додека трае шокот од загадувањето на водоводот во Гостивар, сподели дека Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој треба донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните. „По првичниот застој, предизвикан […]

Меси и Де Пол ќе пропуштат два натпревари на Интер Мајами и Ол-старот во МЛС


 Репрезентативците на Аргентина, Лионел Меси и Родриго де Пол, ќе земат пауза пред да се вратат во Интер Мајами по учеството на Светското првенство во 2026 година, објави „ESPN“. Триесет и деветгодишниот Меси ги започна сите осум натпревари на Аргентина на Светското првенство. додека 32-годишниот Де Пол играше на седум натпревари. Меѓународната федерација на професионални […]

СДСМ: За Орце, Скопје е само билборд за самопромоција


СДСМ преку соопштение упати критики до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека наместо да се посвети на решавањето на проблемите во главниот град, се фокусира на лична промоција. Од партијата велат дека прашањата поврзани со јавниот превоз, отпадот и дивите депонии се оставени на страна, додека, според нив, приоритет му е промоцијата преку […]

Протестите во Украина не запираат, сега се бара смена на Сирски


  Претседателот Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022. И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и да […]

АХВ ќе казнува ако се користи загадената вода во Гостивар


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека е безбедна. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека вчера биле земени примероци од јавна чешма во Гостивар, од две градинки, од […]

Лувр повторно ја отвора галеријата од која беше украден накит од 88 милиони евра: Украдените дијаманти сè уште не се пронајдени


Париз – Галеријата „Аполон“ во парискиот музеј Лувр, од каде што беше украден накит вреден 88 милиони евра, од утре повторно ќе биде отворена за посетители. „Галеријата ќе биде отворена во среда“, изјавил добро информиран извор, потврдувајќи ги информациите објавени во весникот „Ле Паризиен“, додавајќи дека на отворањето ќе присуствува министерката за култура, Катрин Пегар. Директорот […]

Прес-конференција за актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар (во живо)


 Прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, директорката на Инспекторатот за животна средина Ивана Гиновска и директор на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, по повод актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар.  

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид


По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР – Охрид […]

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите


Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, […]

На „Охридско лето“ вечерва концерт по повод 60 години ФМУ


Во рамки на музичката програма на годинешното 66. Фестивалското издание, вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи „Алумни“ концерт, со што ќе бидат одбележани 60 години од основањето на Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во прекрасната акустика на катедралната црква  „Света Софија“ ќе настапат уметниците Kатерина Костадиновска – […]

Трамп воведе 50-процентни царини за канадските производи


Вашингтон – Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба […]

Безвременската „Одисеја“ и извонредниот препев на Михаил Д. Петрушевски 


„Илијада“ и “Одисеја“ се класика што секоја генерација повторно ја открива, а со блокбастерот „Одисеја“ на Кристофер Нолан кој ги полни кината ширум светот и предизвикува реакции, контраверзи и бес во академските и политичките средини, повторно го актуелизира епот што го обликува светот со векови, за патувањата, мудроста и човековата истрајност. Прашањата што ги поставува […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија


Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот […]

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција […]

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер


 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен […]

ВТА воведува задолжителен генетски тест за тенисерките


Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека воведува задолжителен генетски тест за сите тенисерки кои сакаат да се натпреваруваат на турнирите под нејзино покровителство. Тестирањето за генот SRY е еднократна процедура, со земање брис или примерок од крв, а правилото стапува на сила од денeс. Според сегашните правила, на ВТА турнирите можеа да настапуваат тенисерки на […]

Македонската репрезентација остана на 69. место на ФИФА ранг-листата


Македонската фудбалска репрезентација остана на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА со 1369.16 бодови колку што имаше и на последното рангирање. Најновата ранг-листа на ФИФА донесе промени на врвот на кој се врати новиот светски првак Шпанија, додека Аргентина која загуби во неделното финале на Светското првенство се спушти на второто место. Франција и […]

Турските метеоролози предупредуваат на „пустински горештини“ со температури над 40 степени


Анкара – Турските метеоролози предупредија дека во следните три дена земјата ќе биде зафатена од „пустински горештини“, при што температурите во некои провинции ќе надминат 40 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во регионите долж Егејското и Средоземното Море. Според прогнозите, утре во Ајдин, во југозападниот дел на земјата, температурата ќе достигне 41 степен, додека в […]