Две жртви во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско, сообраќајот пренасочен по регионалниот пат


Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.   – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било […]

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта


Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од […]

Министерот за одбрана на Британија поднесе оставка поради малите трошења за армијата


  Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, поднесе оставка поради плановите на владата за воени трошоци, обвинувајќи ги премиерот Кир Стармер и министерката за финансии Рејчел Ривс дека ја довеле во опасност безбедноста на земјата во време на растечки меѓународни закани. Во острата оставка, која дополнително го поткопува веќе кревкиот авторитет на премиерот, Хили рече […]

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки во еврозоната: одговор на војната во Иран


  Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2023 година како одговор на повисоката инфлација предизвикана од војната во Иран. ЕЦБ ја зголеми својата главна депозитна стапка од 2% на 2,25%, а финансиските пазари предвидуваат уште две зголемувања до следната пролет. Инфлацијата на потрошувачките цени во еврозоната се зголеми на 3,2% […]

Четиринаесетмесечно дете од Куманово затруено со средство за чистење


Четиринаесетмесечно дете од Куманово се затруло со средство за чистење, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечено дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење- соопшти СВР Куманово. Полицијата извршила службен разговор со мајката на детето, а […]

Само еден од 10 Европејци сега ги гледа САД како сојузник: ново истражување


  Европејската доверба во американската „безбедносна гаранција“ достигна историски минимум, покажува истражување, при што само еден од 10 луѓе во 15 земји ги гледаат САД како сојузник, а мнозинството се сомнева дека ќе им помогнат доколку бидат нападнати. Истражувањето, објавена во средата од страна на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи (ЕЦФР) пред критичните самити […]

Катерина Зајковска избрана за нов член на ДКСК


Со 56 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК беше по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови […]

Петрова-Чамова вели дека со Муцунски зборувала на бугарски


  Бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, изјави дека ќор-сокакот за македонскиот пат кон ЕУ е во „недостатокот на политичка волја за исполнување на преземените обврски“ од страна на Скопје. Како што јавуваат бугарските медиуми, Петрова нагласила дека договорите не се билатерални, туку европско прашање и сите лидери на ЕУ биле категорични оти единствениот […]

Избори ќе има, само не се знае кога


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска фрли мала мамка околу можноста да има превремени избори велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени избори доколку опозицијата го бара тоа. Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека како партија претпочитаат да има редовни парламентарни избори во 2028 година, но оти секогаш се подготвени да излезат на […]

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои и FIPRESCI наградата од меѓународната филмска критика


Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на 66. Krakow Film Festival во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската […]

Дали Oрмуз е отворен или затворен? „Одлуката не зависи од Вашингтон или Техеран“


Соединетите Американски Држави и Иран сè уште се заглавени во жестока вербална војна околу статусот на Ормускиот теснец. Откако американската војска изврши втор бран воздушни напади врз иранските радарски места и системи за воздушна одбрана синоќа, Техеран повторно го прогласи теснецот целосно затворен за сите видови бродови. Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) отиде чекор […]

Со претставите „Едмонд“ на Битолски и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ се затвора програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Со последните претстави во официјаната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп. Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“.  Вечер од 19 часот во Центарот за култура „Марко […]

За што, всушност, разговарале Сиљановска и Јотова во Софија?


  Неколку дена во македонската јавност се најавуваше средбата меѓу претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова во Софија како можност за некаков пробив за излез од политичкиот ќор-сокак. Кабинетите на двете претседателки дадоа различни соопштенија за средбата, додека Сиљановска зборуваше за нешто сосем трето во изјавата за медиумите. Таа рече дека  уставните измени не се […]

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка – Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health


Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи […]

За Савески комуникацијата со премиерот не влијае врз независноста во одлучувањето


Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата […]

Преземени се сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги […]

Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затвор


Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година. Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената […]

На комисија поминаа измените на законите за ТИРЗ, за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност


На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони  (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад […]

Лани се родиле 15.850 живородени деца, за 1,3 отсто помалку од една година претходно


Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, […]

Расте бројот на странски туристи, најбројни Турците, Германците, Србите и Французите


Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174 649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски. Во периодот јануари – април 2026 […]