Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ изведена е првата робот-асистирана операција во земјава


Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за […]

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје


Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким […]

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата


Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и […]

За дата центри биле заинтересирани десетици компании, вели Мицкоски


Има десетици заинтересирани компании за дата центри во државава, кои со законските измени за кои почна постапката во Собранието се изедначуваат со технолошко индустриските развојни зони. Ова го изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите при неговата посета во Општина Кисела Вода. „Имаме неколку десетици заинтересирани компании, разговараме и преговараме, секако ќе […]

Утрово повторно имаше пожарот на депонијата „Краста“ во Кумановско, состојбата се санира


Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови […]

Отворена реконструираната сала „Расадник“, нуди најсовремени услови за спортување


Условите во спортската сала во Општина Кисела Вода се навистина светски, европски, можеби најсовремени од ваков тип во државата, истакна денеска  премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, објект кој, според него, поставува нови стандарди во спортската инфраструктура во земјата. Мицкоски истакна дека салата, со капацитет од околу 1.000 […]

Професори и студенти од Универзитетот во Амстердам се сретнаа со Оливер Спасовски


  Денеска, во Собранието се одржа средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот […]

Сотир Лукровски уште се бара. Нема ни трага ни глас од него


  Случајот со боледувањето на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровески се претвора во пародија. Нему му е истечено боледувањето, премиерот Христијан Мицкоски вели дека морал да мирува, општината Карпош е во конфузија, а карпошани се прашуваат зошто гласавме за Лукровски кога тој по само неколку месеци одбива да ја врши функцијата на која беше избран. […]

Трамп ја засака инфлацијата. Американците се загрижени


  Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, […]

За 5 години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи: Што покажува истражувањето на ЦГК за јавните набавки


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај во кој се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи, како што се наведува во соопштението до медиумите, се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените […]

Два тимски медали за македонските каратисти на Универзијадата во Бразил


Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите-натпревари. Машкиот тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде што со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција […]

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ што ја обезбедуваше дискотеката


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обединување Рубикон Секјурити солушнс, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката […]

Дал гаранција од азербејџанска банка во стечај, го оштетил Буџетот за 2 милиони евра и за 9 милиони евра изгубени ИПА средства


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно […]

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана. – Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на […]

Изложба на колекционерски дела од Петар Мазев во Белград


Македонскиот КИЦ во Белград и МТС Дворана, заеднички ја организираат изложбата „Сага за творечките немири“ посветена на великанот на македонската ликовна уметност Петар Мазев. Десет дела од приватната колекција на Игор Станковиќ ќе бидат претставени пред белградската публика во рамките на пригодното одбележување 30 години македонско-српски дипломатски односи. Петар Мазев (1927 Кавадарци-1993 Скопје), бил студент […]

ДЗР: Се исплаќала социјална заштита без исполнување на законските услови, нанесена штета на Буџетот


 Неосновани исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при […]

Без вода дел од корисниците на бул. АСНОМ во Аеродром


Поради уличен дефект, без вода од 10:15 часот се корисниците од бул. АСНОМ од бр.42 до бр.80 во Општина Аеродром, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето


Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од […]

Heidi šeće psa ја објави песната во ска ритам и со италијански шарм


Кога ќе се спојат добрите духови на нашата сцена и добриот дух на рокенролот, настанува вистинска комбинација од feel-good енергија. Токму таква енергија зрачеше од членовите на бендот Heidi šeće psa, добрите духови од хрватската музичка сцена, во најголемиот мал рок-клуб Hard Place, местото каде што живее духот на рокенролот, а каде што се снимаше видеоспотот за […]

Гори голема руска рафинерија во Краснодар по напад со украински дрон


Украински напад со дрон предизвикал пожар во нафтена рафинерија во близина на јужниот руски град Краснодар, соопштија регионалните власти. Според Центарот за кризни ситуации на Краснодарскиот регион, рафинеријата во населбата Афипски, една од најголемите во јужна Русија, била опожарена во нападот. Пожарот утрово бил изгаснат, а нема информации за повредени во нападот. Гувернерот на Краснодарскиот […]