Професори и студенти од Универзитетот во Амстердам се сретнаа со Оливер Спасовски


 

Денеска, во Собранието се одржа средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата.

Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот со Грција, евроинтегративниот процес на државата и Западен Балкан, членството во НАТО, предизвиците со кои се соочува опозицијата, меѓуетничките односи, како и прашања поврзани со младите и студентските политики.

Посебен акцент беше ставен на усогласувањето на националното законодавство со европската легислатива, како и на мерките и политиките за борба против корупцијата.