Гори голема руска рафинерија во Краснодар по напад со украински дрон
Украински напад со дрон предизвикал пожар во нафтена рафинерија во близина на јужниот руски град Краснодар, соопштија регионалните власти.
Според Центарот за кризни ситуации на Краснодарскиот регион, рафинеријата во населбата Афипски, една од најголемите во јужна Русија, била опожарена во нападот. Пожарот утрово бил изгаснат, а нема информации за повредени во нападот.
Гувернерот на Краснодарскиот регион, Венијамин Кондратјев, изјави дека три лица биле повредени од остатоци на соборени дронови што паднале врз станбени објекти во други делови од регионот.
Рафинеријата во Афипски преработува околу седум милиони тони сирова нафта годишно и неколкупати досега беше цел на украински напади со дронови.
Украина соопштува дека таквите напади се насочени кон нарушување на снабдувањето со гориво за руските сили и намалување на приходите за финансирање на војната.